Финансии и деловно право (3+1+1) – (стара програма, до 2020 г.)


Студиска програма Финансии и деловно право (3+1+1)


Важно: Оваа студиска програма повеќе не е активна. Кликнете овде за новата студиска програма.


Име на студиската програма: Финансии и деловно право
Факултет: Факултет за правни науки
Тип на студии: изборен модул на додипломски студии (прв циклус)
Локација: во Свети Николе или Битола
Времетраење на студиите: 1 година (два семестри)
Услов за упис: стекнати најмалку 180 ЕКТС кредити
Вкупно предмети: 6
ЕКТС кредити на програмата: 60
ЕКТС по завршувањето: 240
Стручен назив: дипломиран правник
Годишна школарина: 1030 евра


Следејќи ги современите економски текови и деловните односи како на локално, така и на глобално ниво, Факултетот за правни студии при МСУ на студентите им овозможува да го прошират своето знаење на правните и економски аспекти на правната регулатива со која поблиску се уредени прашањата од областа на деловното право и финансиите.



Студиската програма Финансии и деловно право на студентите им нуди да стекнат потребната теоретска основа и практичните познавања способности и вештини од областа на трговско право, пазарот на хартии од вредност, работните односи со сите свои правни, социјални и економски димензии, како и знаења од областа на корпоративниот маркетинг и деловните финансии што ќе придонесе за нивно подобро профилирање како стручни кадри во областа на бизнис опкружувањето.

Студентите кои ќе се определат за оваа студиска програма, ќе имаат можност да се запознаат и со деловното опкружување на споредбеноправните системи на земјите на ЕУ , како и начинот на функционирање на заедничкиот европски пазар.


Наставна програма


Финансии и деловно право е еден од изборните модули кои студентот може да ги избере по завршувањето на тригодишните општи студии.

Оваа студиска програма е наменета за студентите кои сакаат да го продолжат своето правничко образование и да се занимаваат со специјализирана правна струка. Студиската програма им нуди можност да студентите да го продолжат своето образование во четврта година, односно да освојат дополнителни 60 ЕКТС, со што ќе се стекнат со стручен назив дипломиран правник.

Студиската програма трае една година (два семестри) и со завршување, заедно со првиот циклус, по вкупно стекнатите 240 кредити и одбрана на завршен дипломски труд, студентот се стекнува со стручниот назив дипломиран правник.

Факултет за правни науки
Студиска програма Финансии и деловно право
Стручен назив: дипломиран правник
7 СЕМЕСТАР
  ПРЕДМЕТ ЗАД./ИЗБ. ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
1 Методологија на истражување Задолжителен 8 240
2 Стечај и стечајна постапка Задолжителен 8 240
3 Даночно право Задолжителен 8 240
4 Електронска трговија Задолжителен 6 180
8 СЕМЕСТАР
  ПРЕДМЕТ ЗАД./ИЗБ. ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
5 Трговско право – применета програма Задолжителен 14 420
6 Изработка на дипломски труд Задолжителен 16 480

 


Услови за упис


Право на запишување на изборен модул имаат студентите кои се стекнале со најмалку 180 ЕКТС.


Школарина


Кандидатите може да направат упис како редовни или вонредни студенти со самофинансирање на студиите во износ од 1030 евра (за една учебна година) во денарска противвредност.

Нудиме можности за плаќање на рати, а при плаќање на целокупниот износ на почетокот на академската година, студентите добиваат попуст од 10%. За студирање на двајца студенти од исто семејство одобруваме дополнителен попуст од 20% за секој член, за тројца или повеќе студенти од исто семејство по 25% за секој член, како и 20% за бранители.


https://www.facebook.com/slavjanskiuniverzitet/videos/1638125069531566/


CAPTCHA image