Административно право и јавна администрација (3+1+1) – (стара програма, до 2020 г.)


Изборен модул Административно право и јавна администрација (3+1+1)


Важно: Оваа студиска програма повеќе не е активна. Кликнете овде за новата студиска програма.


Име на студиската програма: Административно право и јавна администрација
Факултет: Факултет за правни науки
Тип на студии: изборен модул на додипломски студии (прв циклус)
Локација: во Свети Николе или Битола
Времетраење на студиите: 1 година (два семестри)
Услов за упис: стекнати најмалку 180 ЕКТС кредити
Вкупно предмети: 6
ЕКТС кредити на програмата: 60
ЕКТС по завршувањето: 240
Стручен назив: дипломиран правник
Годишна школарина: 1030 евра


Современите трендови на пазарот на трудот наметнуваат потреба од кадар со потесна област на специјализација и владеење на конкретна проблематика. Поаѓајќи од определбите на Република Северна Македонија за членство во Европската Унија и НАТО, и реформските процеси кои се спроведуваат, сведоци сме на постојана флуктуација на проблемите од областа на јавната администрација и државната администрација.

Како дел од тие реформски процеси е и процесот на децентрализација. Реформата на јавниот сектор наметнува потреба од ангажирање стручни и професионални кадри, специјалисти и добри познавачи од областа на управното право и јавната управа.



Следејќи ги глобалните трендови за профилирање стручни кадри од областа на јавната администрација и државната администрација, Факултетот за правни науки при МСУ како неминовна и неопходна ја оцени потребата од воведување на специјализирана студиска програма која на студентот ќе му понуди можност да се стекне со проширено стручно знаење и вештини  од оваа област, како и истото тоа да го примени во пракса.


Наставна програма


Административно право и јавна администрација е еден од изборните модули кои студентот може да ги избере по завршувањето на тригодишните општи студии.

Оваа студиска програма е наменета за студентите кои сакаат да го продолжат своето правничко образование и да се занимаваат со специјализирана правна струка. Студиската програма им нуди можност да студентите да го продолжат своето образование во четврта година, односно да освојат дополнителни 60 ЕКТС, со што ќе се стекнат со стручен назив дипломиран правник.

Студиската програма трае една година (два семестри) и со завршување, заедно со првиот циклус, по вкупно стекнатите 240 кредити и одбрана на завршен дипломски труд, студентот се стекнува со стручниот назив дипломиран правник.


Факултет за правни науки
Студиска програма Административно право и јавна администрација
Стручен назив: дипломиран правник
7 СЕМЕСТАР
  ПРЕДМЕТ ЗАД./ИЗБ. ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
1 Методологија на истражување Задолжителен 8 240
2 Управно процесно право Задолжителен 8 240
3 Јавна и државна администрација Задолжителен 8 240
4 Управно судство Задолжителен 6 180
8 СЕМЕСТАР
  ПРЕДМЕТ ЗАД./ИЗБ. ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
5 Административно право  – применета програма Задолжителен 14 420
6 Изработка на дипломски труд Задолжителен 16 480

 


Услови за упис


Право на запишување на изборен модул имаат студентите кои се стекнале со најмалку 180 ЕКТС.


Школарина


Кандидатите може да направат упис како редовни или вонредни студенти со самофинансирање на студиите во износ од 1030 евра (за една учебна година) во денарска противвредност.

Нудиме можности за плаќање на рати, а при плаќање на целокупниот износ на почетокот на академската година, студентите добиваат попуст од 10%. За студирање на двајца студенти од исто семејство одобруваме дополнителен попуст од 20% за секој член, за тројца или повеќе студенти од исто семејство по 25% за секој член, како и 20% за бранители.


https://www.facebook.com/slavjanskiuniverzitet/videos/1638125069531566/


CAPTCHA image