Наука во подем
Информатиката како наука, особено во последниве години, е во подем. Како што технологијата се развива, има сè поголема потреба од инженери во областа на информатиката, што е олеснителна околност за студентите кои ќе се определат да ја изучуваат оваа област, бидејќи денес, сите институции имаат потреба од информатичари.
Информатиката е за иноватори
Живееме во информатичка ера, каде за скоро сите иновации се користат развиени компјутерски системи.
Факултетот за информатика Ви ја нуди единствената можност да бидете во срцето на интелектуалната револуција, бидејќи информатиката ќе направи да изнаоѓате нови начини на размислување и поврзување на работите. Пред сè, ќе ви овозможи да разберете како функционираат компјутерските системи, на кој начин ги складираат информациите, како ги обработуваат податоците и сл.
Практична настава
За да бидете добар информатичар, потребно ви е постојано вежбање, пракса. Како што споменавме претходно, нашиот факултет за информатика го нуди токму тоа! Ќе имате можност да работите во најсовремените компјутерски лаборатории, да пишувате сопствени програми, да навлезете во основата на Веб дизајнот, што ќе ви овозможи да се чувствувате дека креирате нешто функционално и корисно.
Што по дипломирањето?
Оние кои ќе се стекнат со знаење од оваа област, ќе имаат значајна предност во однос на вработувањето. Квалитетот на практичната настава што го нудиме ќе овозможи да бидете конкурентни на пазарот и ќе ви отвори вратите за вработување секаде во светот. Затоа што практичното знаење е најважно!
Студентите по информатика можат да работат во компании и организации од секаков тип, поради универзалноста на нивните знаења и можноста да се употребат секаде.
Некои од нашите студенти работат како информатичари во приватни компании за изработка на софтвер, телекомуникациски компании, во индустријата, невладини организации, во продажба и маркетинг, самостојно како веб дизајнери.
https://www.facebook.com/slavjanskiuniverzitet/videos/1642012502476156/