Софтверски технологии (3+1+1)


Студиска програма Софтверски технологии (3+1+1)


Последипломските студии на студиската програма Софтверски технологии се организирани на следниов начин:

  • Софтверски технологии (3+1+1)
    • Специјалистички (четврта година – до 240 ЕКТС кредити)
    • Магистерски (петта година – до 300 ЕКТС кредити)

Поаѓајќи од основните постулати на современата информатичка наука и трендот за имплементирање на софтверски решенија во сите сфери на човековото живеење во светот, Факутетот за информатика при МСУ воведе специјализирана студиска програма од оваа комплексна и динамична област, која на студентот ќе му понуди можност да се стекне со проширено стручно знаење и вештини, како и истото тоа да го примени во пракса.

Софтверски технологии е студиска програма која на студентот му нуди можност да го прошири своето знаење во повеќе софтверски дисциплини од областа на компјутерските науки. Се очекува студентот во рамки на овој циклус на студии да се профилира во стручен кадар кој поседува проширено знаење и вештини не само за теоретска, туку и за практична примена на софтверските технологии, со што ќе даде свој придонес кон развојот на применетата информатика во Република Северна Македонија.



Специјалистички (четврта година)


Име на студиската програма: Софтверски технологии
Факултет: Факултет за информатика
Тип на студии: последипломски (втор циклус)
Локација: во Свети Николе или Битола
Времетраење на студиите: 1 година (два семестри)
Услов за упис: стекнати најмалку 180 ЕКТС кредити
Вкупно предмети: 8
ЕКТС кредити на програмата: 60
ЕКТС по завршувањето: 240
Стручен назив: не се стекнува диплома за четвртата година
Годишна школарина: 1030 евра (за четвртата година)

Специјалистичките студии се со времетраење од една година (+60 ЕКТС кредити). Упис на специјалистичките студии можат да направат студенти кои при претходните студии се стекнале со најмалку 180 ЕКТС кредити.

По завршувањето на студиите студентите се стекнуваат со 240 ЕКТС кредити и можат да направат упис во петта година (магистерски студии).


Факултет за информатика
Студиска програма Софтверски технологии
Специјалистички, до 240 ЕКТС, четврта година
7 СЕМЕСТАР
ПРЕДМЕТ ЗАД./ИЗБ. ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
1 Квалитет на софтвер и тестирање Задолжителен 8 240
2 Дизајн на бизнис софтвер Задолжителен 8 240
3 Безбедност и криптографија Задолжителен 8 240
4 Како да се биде успешен во бизнисот Задолжителен 6 180
8 СЕМЕСТАР
ПРЕДМЕТ ЗАД./ИЗБ. ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
1 Менаџмент на софтверски барања Задолжителен 8 240
2 Системски софтвер Задолжителен 8 240
3 Напредно визуелно програмирање Задолжителен 8 240
4 Психологија на бизнисот Задолжителен 6 180

 


Магистерски (петта година)


Име на студиската програма: Софтверски технологии
Факултет: Факултет за информатика
Тип на студии: последипломски (втор циклус)
Локација: во Свети Николе или Битола
Времетраење на студиите: 1 година (два семестри)
Услов за упис: стекнати најмалку 240 ЕКТС кредити
Вкупно предмети: 8
ЕКТС кредити на програмата: 60
ЕКТС по завршувањето: 300
Стручен назив: Магистер по информатика – софтверски технологии
Годишна школарина: 1530 евра (за петата година)

Магистерските студии се со времетраење од една година (+60 ЕКТС кредити). Упис на магистерските студии можат да направат студенти кои при студирањето се стекнале со најмалку 240 ЕКТС кредити. По завршувањето на студиите студентите се стекнуваат со 300 ЕКТС кредити и стручен назив магистер по информатика – софтверски технологии (Master of computer science – Legum Magister LL.M).

Во рамките на едногодишните студии предвидено е студентот да положи вкупно 8 предмети, односно по 4 во секој семестар.

Дополнително, во наставата е вклучена практична настава, изработка на нацрт за магистерски труд и на крај изготвување и одбрана на магистерски труд.


Факултет за информатика
Студиска програма Софтверски технологии
Магистерски, 300 ЕКТС, петта година
9 СЕМЕСТАР
ПРЕДМЕТ ЗАД./ИЗБ. ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
1 Релациски бази на податоци Задолжителен 8 240
2 Напредна компјутерска графика Задолжителен 8 240
3 ГИС во бизнисот Задолжителен 8 240
4 Интелигентни KNX системи Задолжителен 6 180
10 СЕМЕСТАР
ПРЕДМЕТ ЗАД./ИЗБ. ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
1 Стручна пракса Задолжителен 8 240
2 Магистерски труд Задолжителен 8 240
3 Електронско учење Задолжителен 8 240
4 Методологија и научна теорија Задолжителен 6 180

 


Услови за упис


Право на запишување на втор циклус на студии имаат кандидатите со завршен прв циклус на студии со стекнати 240 ЕКТС (завршени четиригодишни студии) или 180 ЕКТС (завршени тригодишни студии). Дали кандидатот ќе се запише во четврта или петта година зависи од бројот на дотогаш стекнатите кредити.
Право на запишување имаат и студенти од други акредитирани факултети и странски државјани (регулирано со закон).
Кандидатите се запишуваат без полагање на приемен испит.


Документи за упис


При пријавувањето за упис на втор циклус на студии кандидатите ги поднесуваат следните документи:

  •  Диплома за завршен прв циклус на студии;
  •  Уверение за положени испити;
  •  Извод од матична книга на родените;
  •  Фотокопија од лична карта;
  •  4 мали слики во боја

Документите за пријавување се поднесуваат во просториите на Меѓународниот Славјански Универзитет „Г. Р. Державин” во Свети Николе на ул. „Маршал Тито“ бр. 77 или во Битола на ул. „Новачки пат“ бр. 16.


Школарина


Кандидатите може да направат упис како редовни или вонредни студенти со самофинансирање на студиите во износ од 1530 евра (за една учебна година) во денарска противвредност.

Нудиме можности за плаќање на рати, а при плаќање на целокупниот износ на почетокот на академската година, студентите добиваат попуст од 10%. За студирање на двајца студенти од исто семејство одобруваме дополнителен попуст од 20% за секој член, за тројца или повеќе студенти од исто семејство по 25% за секој член, за студенти на МСУ кои од прв продолжуваат на втор циклус на студии 10%, како и 20% за бранители.


https://www.facebook.com/slavjanskiuniverzitet/videos/1642012502476156/


CAPTCHA image