Литература

Електронска и бесплатна литература

Литературата за голем дел од предметите на Факултетот за информатика е достапна на сервисот за E-учење на нашата веб страна и е бесплатна. Пристап до Е-учење имаат само нашите студенти и станува збор за литература која е подготвена само за нив.

На Е-учење можат да се најдат и презентациите од предавањата на повеќето професори и асистенти.

Наши изданија за наши студенти

Дополнително, литература во печатена форма е достапна во студентската книжарница. Дел од нашите професори имаат изготвено и книги и скрипти кои можат да се набават по пристапни цени. Книгите се издаваат од официјалната издавачка куќа на МСУ, Меѓународен центар за славјанска просвета. Студентите не се обврзани да ги купуваат материјалите.

Книгите можат и да се позајмуваат

Нашата универзитетска библиотека нуди бесплатно членство за сите студенти. Истите изданија кои се оставени на продажба во книжарницата од библиотеката може да се позајмат бесплатно.

За студентите кои сакаат дополнително да истражуваат за одредена област или предмет, достапна е дополнителна литература. Истата може да се позајми од библиотеката – бесплатно.

Вежби и други материјали може се позајмат и од предметните професори и асистенти, зависно од областа која ја обработуваат.


Факултет за информатика | 2017

Уписите на додипломските студии на Факултетот за информатика се веќе започнати! ⏰Ние градиме факултет кој ќе биде претпознатлив по применетата информатика, а за таа цел имаме ангажирано професори кои се врвни експерти во својата област и имаат практично информатичко искуство, стекнато со реализација на проекти во светски рамки.И Вие сакате да студирате информатика? ? Прочитајте повеќе на: http://msu.edu.mk/fakulteti/fi/za-fakultetot/ ?Официјален руски партнерски универзитет. ?? ??

Posted by Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ on Thursday, June 29, 2017