Студиска програма Софтверски технологии (3+2)
стара програма
Важно: Оваа студиска програма повеќе не е активна. Новата програма е достапна овде.
Име на студиската програма: Софтверски технологии
Факултет: Факултет за информатика
Тип на студии: додипломски (прв циклус)
Локација: во Свети Николе или Битола
Студентски статус: редовен или вонреден
Времетраење на студиите: 3 години (шест семестри)
Вкупно предмети: 24
Вкупно ЕКТС: 180
Стручен назив: дипломиран инженер по информатика
Годишна школарина: 1030 евра
Софтверските технологии се однесуваат на дизајнирање, развивање и користење комплексни информатички системи. Програмирањето, компјутерското и софтверското инженерство се еднакво акцентирани во наставата и преку низа практични вежби и задачи ќе можете да добиете познавања од овие области. Од системите се очекува да функционираат правилно во секое време и да бидат флексибилни. Токму овде настапува Вашата кариера како инженер по информатика!
Предметите ги запознаваат студентите со основните концепти на програмирање и алгоритамски начин на размислување за решавање на проблеми, архитектурата на компјутерските системи и начинот на нивното функционирање, начини на реализирање ГИС проекти, веб дизајн… Студиите се во траење од три години, а обемот на студии изнесува 180 ЕКТС.
Генерално, студиската програма ги подготвува студентите за кариерата како софтверски инженери или софтверски архитекти во контекст на софтверското инженерство. Притоа, со помош на домашни задачи, студентите ќе имаат можност да ги вежбаат научените работи и да се усовршуваат. Ќе знаат како се креираат компоненти и како се употребуваат во софтверскиот развој.
Во рамките на тригодишните студии се опфатени 24 предмети кои студентите треба да ги положат. Во секој семестар има по 2 задолжителни и 4 изборни предмети. Од можните 4 изборни предмети, студентите избираат само 2 – и тоа се бира помеѓу првиот и вториот изборен предмет, односно помеѓу третиот и четвртиот, итн. На пример, се избира само еден предмет – или бр. 3 или бр. 4 (освен ако некаде не е поинаку назначено).
Во подолу дадената табела под Ун. изборен се подразбира универзитетски изборен предмет и за изборот на овие предмети важат истите правила како за стандардните изборни предмети.
По дипломирањето ќе се стекнете со стручен назив дипломиран инженер по информатика.
Наставна програма • тригодишни студии
Факултет за информатика | ||||
Студиска програма Софтверски технологии, 180 ЕКТС | ||||
Дипломиран инженер по информатика | ||||
1 СЕМЕСТАР | ||||
ПРЕДМЕТ | ЗАД./ИЗБ. | ЕКТС | ОПТОВАРЕНОСТ | |
1 | Основи на програмирање | Задолжителен | 8 | 240 |
2 | Апликативни програми | Задолжителен | 8 | 240 |
3 | Алгоритми и структура на податоци | Изборен | 7 | 210 |
4 | Математика | Изборен | 7 | 210 |
5 | Англиски јазик | Изборен | 7 | 210 |
6 | Теорија на информации | Изборен | 7 | 210 |
2 СЕМЕСТАР | ||||
ПРЕДМЕТ | ЗАД./ИЗБ. | ЕКТС | ОПТОВАРЕНОСТ | |
7 | Компјутерска архитектура | Задолжителен | 8 | 240 |
8 | Објектно програмирање | Задолжителен | 8 | 240 |
9 | Просторни информациски системи | Изборен | 7 | 210 |
10 | Компјутерско инженерство и менаџмент | Изборен | 7 | 210 |
11 | Основи на економија | Ун. изборен | 7 | 210 |
12 | Основи на информатика | Ун. изборен | 7 | 210 |
3 СЕМЕСТАР | ||||
ПРЕДМЕТ | ЗАД./ИЗБ. | ЕКТС | ОПТОВАРЕНОСТ | |
1 | WEB дизајн | Задолжителен | 8 | 240 |
2 | Софтверско инженерство | Задолжителен | 8 | 240 |
3 | Анализа на софтверски потреби | Изборен | 7 | 210 |
4 | Математика 2 | Изборен | 7 | 210 |
5 | Конструкција на софтвер | Изборен | 7 | 210 |
6 | Компјутерски мрежи | Изборен | 7 | 210 |
4 СЕМЕСТАР | ||||
ПРЕДМЕТ | ЗАД./ИЗБ. | ЕКТС | ОПТОВАРЕНОСТ | |
7 | Интернет технологии | Задолжителен | 8 | 240 |
8 | Управување со IT проекти | Задолжителен | 8 | 240 |
9 | Интеракција човек-компјутер | Изборен | 7 | 210 |
10 | Развој на ГИС системи | Изборен | 7 | 210 |
11 | Основи на менаџмент | Ун. изборен | 7 | 210 |
12 | Психологија на бизнис | Ун. изборен | 7 | 210 |
5 СЕМЕСТАР | ||||
ПРЕДМЕТ | ЗАД./ИЗБ. | ЕКТС | ОПТОВАРЕНОСТ | |
1 | Интернет програмирање | Задолжителен | 8 | 240 |
2 | Бази на податоци 1 | Задолжителен | 8 | 240 |
3 | Оперативни системи | Изборен | 7 | 210 |
4 | Мултимедиски системи | Изборен | 7 | 210 |
5 | Конструкција на софтвер | Изборен | 7 | 210 |
6 | Компјутерска графика | Изборен | 7 | 210 |
6 СЕМЕСТАР | ||||
ПРЕДМЕТ | ЗАД./ИЗБ. | ЕКТС | ОПТОВАРЕНОСТ | |
7 | Проектна работа | Задолжителен | 8 | 240 |
8 | Визуелно програмирање | Задолжителен | 8 | 240 |
9 | Бази на податоци 2 | Изборен | 7 | 210 |
10 | Логичко дизајнирање на информациони системи | Изборен | 7 | 210 |
11 | Основи на интелигентни системи | Ун. изборен | 7 | 210 |
12 | Системски софтвер | Ун. изборен | 7 | 210 |
Услови за упис
Право на запишување на прв циклус на студии имаат кандидатите со завршено четиригодишно средно образование во државата или во странство со положена државна или меѓународна матура.
Право на запишување имаат и студенти од други акредитирани факултети, дипломирани лица и странски државјани (регулирано со закон).
Кандидатите се запишуваат без полагање на приемен испит.
Документи за упис
При пријавувањето за упис на прв циклус на студии кандидатите ги поднесуваат следните документи:
- Диплома за положена државна или меѓународна матура;
- Свидетелства од сите 4 години;
- Копија од извод од матична книга на родените;
- Копија од државјанство;
- 4 мали фотографии во боја;
Документите за пријавување се поднесуваат во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин” во Свети Николе на ул. „Маршал Тито“ бр. 77 и во Битола на ул. „Новачки пат“ бр 16.
Школарина
Кандидатите може да направат упис како редовни или вонредни студенти со самофинансирање на студиите во износ од 1030 евра (за една учебна година) во денарска противвредност.
Нудиме можности за плаќање на рати, а при плаќање на целокупниот износ на почетокот на академската година, студентите добиваат попуст од 10%. За студирање на двајца студенти од исто семејство одобруваме дополнителен попуст од 20% за секој член, за тројца или повеќе студенти од исто семејство по 25% за секој член, како и 20% за бранители.
https://www.facebook.com/slavjanskiuniverzitet/videos/1642012502476156/