Студиска програма Компјутерски системи и мрежи (3+2)
стара програма
Важно: Оваа студиска програма повеќе не е активна. Новата програма е достапна овде.
Име на студиската програма : Компјутерски системи и мрежи
Факултет: Факултет за информатика
Тип на студии: додипломски (прв циклус)
Локација: во Свети Николе или Битола
Студентски статус: редовен или вонреден
Времетраење на студиите: 3 години (шест семестри)
Вкупно предмети: 24
Вкупно ЕКТС: 180
Стручен назив: дипломиран инженер по информатика
Годишна школарина: 1030 евра
Оваа студиска програма им дава широки знаења на студентите и им помага да разберат како софтверот може да се контролира на еден или повеќе компјутери, земајќи ги во предвид сигурноста, вмрежувањето и оперативните системи. Ова е техничка програма која на студентите ќе им помогне да се стекнат со добри програмерски вештини.
Предметите се концентрираат на практични и применливи содржини како програмирање, компјутерска архитектура, компјутерски мрежи, оперативни системи, софтверско инженерство, како и апликативни програми. Студиите се во траење од три години, а обемот на студии изнесува 180 ЕКТС.
Во програмата ќе се изучуваат основните модели за комуникации, протоколи и нивна основна архитектура, начини за пренос на податоци, преносни медиуми и средства, кодирање на податоци, податочни комуникациски посредници, контрола на податочни врски, технологија, архитектура и системи… Цели на програмата се совладување на теориските основи за функционирање на компјутерските мрежи, како и стекнување со практични вештини за управување со нив.
Во рамките на тригодишните студии се опфатени 24 предмети кои студентите треба да ги положат. Во секој семестар има по 2 задолжителни и 4 изборни предмети. Од можните 4 изборни предмети, студентите избираат само 2 – и тоа се бира помеѓу првиот и вториот изборен предмет, односно помеѓу третиот и четвртиот, итн. На пример, се избира само еден предмет – или бр. 3 или бр. 4 (освен ако некаде не е поинаку назначено).
Во подолу дадената табела под Ун. изборен се подразбира универзитетски изборен предмет и за изборот на овие предмети важат истите правила како за стандардните изборни предмети.
По дипломирањето ќе се стекнете со стручен назив дипломиран инженер по информатика.
Наставна програма • тригодишни студии
Факултет за информатика | ||||
Студиска програма Компјутерски системи и мрежи, 180 ЕКТС | ||||
Дипломиран инженер по информатика | ||||
1 СЕМЕСТАР | ||||
ПРЕДМЕТ | ЗАД./ИЗБ. | ЕКТС | ОПТОВАРЕНОСТ | |
1 | Основи на програмирање | Задолжителен | 8 | 240 |
2 | Апликативни програми | Задолжителен | 8 | 240 |
3 | Алгоритми и структура на податоци | Изборен | 7 | 210 |
4 | Математика | Изборен | 7 | 210 |
5 | Англиски јазик | Изборен | 7 | 210 |
6 | Теорија на информации | Изборен | 7 | 210 |
2 СЕМЕСТАР | ||||
ПРЕДМЕТ | ЗАД./ИЗБ. | ЕКТС | ОПТОВАРЕНОСТ | |
7 | Компјутерска архитектура | Задолжителен | 8 | 240 |
8 | Објектно програмирање | Задолжителен | 8 | 240 |
9 | Просторни информациски системи | Изборен | 7 | 210 |
10 | Компјутерско инженерство и менаџмент | Изборен | 7 | 210 |
11 | Основи на економија | Ун. изборен | 7 | 210 |
12 | Основи на информатика | Ун. изборен | 7 | 210 |
3 СЕМЕСТАР | ||||
ПРЕДМЕТ | ЗАД./ИЗБ. | ЕКТС | ОПТОВАРЕНОСТ | |
1 | Компјутерски мрежи 1 | Задолжителен | 8 | 240 |
2 | Визуелно програмирање | Задолжителен | 8 | 240 |
3 | Управување со IT проекти | Изборен | 7 | 210 |
4 | Софтверско инженерство | Изборен | 7 | 210 |
5 | Развој на ГИС системи | Изборен | 7 | 210 |
6 | Безбедност на компјутерски системи | Изборен | 7 | 210 |
4 СЕМЕСТАР | ||||
ПРЕДМЕТ | ЗАД./ИЗБ. | ЕКТС | ОПТОВАРЕНОСТ | |
7 | Бази на податоци | Задолжителен | 8 | 240 |
8 | Оперативни системи | Задолжителен | 8 | 240 |
9 | Компјутерска графика | Изборен | 7 | 210 |
10 | WEB дизајн | Изборен | 7 | 210 |
11 | Основи на менаџмент | Ун. изборен | 7 | 210 |
12 | Психологија на бизнис | Ун. изборен | 7 | 210 |
5 СЕМЕСТАР | ||||
ПРЕДМЕТ | ЗАД./ИЗБ. | ЕКТС | ОПТОВАРЕНОСТ | |
1 | Компјутерски мрежи 2 | Задолжителен | 8 | 240 |
2 | Интернет технологии | Задолжителен | 8 | 240 |
3 | Развој на ГИС системи | Изборен | 7 | 210 |
4 | Основи на интелигентни системи | Изборен | 7 | 210 |
5 | Информатичка етика | Изборен | 7 | 210 |
6 | Безбедност на компјутерски системи | Изборен | 7 | 210 |
6 СЕМЕСТАР | ||||
ПРЕДМЕТ | ЗАД./ИЗБ. | ЕКТС | ОПТОВАРЕНОСТ | |
7 | Проектна работа | Задолжителен | 8 | 240 |
8 | Напредно проектирање компјутерски мрежи | Задолжителен | 8 | 240 |
9 | Интеракција човек-компјутер | Изборен | 7 | 210 |
10 | Безжични и мобилни технологии | Изборен | 7 | 210 |
11 | Логичко дизајнирање на информациони системи | Ун. изборен | 7 | 210 |
12 | Основи на интелигентни системи | Ун. изборен | 7 | 210 |
Услови за упис
Право на запишување на прв циклус на студии имаат кандидатите со завршено четиригодишно средно образование во државата или во странство со положена државна или меѓународна матура.
Право на запишување имаат и студенти од други акредитирани факултети, дипломирани лица и странски државјани (регулирано со закон).
Кандидатите се запишуваат без полагање на приемен испит.
Документи за упис
При пријавувањето за упис на прв циклус на студии кандидатите ги поднесуваат следните документи:
- Диплома за положена државна или меѓународна матура;
- Свидетелства од сите 4 години;
- Копија од извод од матична книга на родените;
- Копија од државјанство;
- 4 мали фотографии во боја;
Документите за пријавување се поднесуваат во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин” во Свети Николе на ул. „Маршал Тито“ бр. 77 и во Битола на ул. „Новачки пат“ бр 16.
Школарина
Кандидатите може да направат упис како редовни или вонредни студенти со самофинансирање на студиите во износ од 1030 евра (за една учебна година) во денарска противвредност.
Нудиме можности за плаќање на рати, а при плаќање на целокупниот износ на почетокот на академската година, студентите добиваат попуст од 10%. За студирање на двајца студенти од исто семејство одобруваме дополнителен попуст од 20% за секој член, за тројца или повеќе студенти од исто семејство по 25% за секој член, како и 20% за бранители.
https://www.facebook.com/slavjanskiuniverzitet/videos/1642012502476156/