Компјутерски системи и мрежи (3+2)


Студиска програма Компјутерски системи и мрежи (3+2)


Име на студиската програма: Компјутерски системи и мрежи
Факултет: Факултет за технички науки и информатика
Тип на студии: додипломски (прв циклус)
Локација: во Свети Николе или Битола
Студентски статус: редовен или вонреден
Времетраење на студиите: 3 години (шест семестри)
Вкупно предмети: 24
Вкупно ЕКТС: 180
Стручен назив: дипломиран по (насока: Компјутерски системи и мрежи)
Годишна школарина: 1230 евра

Оваа програма им дава широки знаења на студентите и им помага да разберат како софтверот може да се контролира на еден или повеќе компјутери, земајќи ги во предвид сигурноста, вмрежувањето и оперативните системи. Ова е техничка програма која на студентите ќе им помогне да се стекнат со добри програмерски вештини.



Предметите се концентрираат на практични и применливи содржини како програмирање, компјутерска архитектура, компјутерски мрежи, оперативни системи, софтверско инженерство, како и апликативни програми. Студиите се во траење од три години, а обемот на студии изнесува 180 ЕКТС.

Во програмата ќе се изучуваат основните модели за комуникации, протоколи и нивна основна архитектура, начини за пренос на податоци, преносни медиуми и средства, кодирање на податоци, податочни комуникациски посредници, контрола на податочни врски, технологија, архитектура и системи… Цели на програмата се совладување на теориските основи за функционирање на компјутерските мрежи, како и стекнување со практични вештини за управување со нив.

Во рамките на тригодишните студии се опфатени 24 предмети кои студентите треба да ги положат. Во секој семестар има по 3 задолжителни и 2 изборни предмети. Од можните 2 изборни предмети, студентите избираат само 1.

По дипломирањето ќе се стекнете со стручен назив дипломиран инженер по информатика.


Наставна програма • тригодишни студии


Факултет за технички науки и информатика

Студиска програма Компјутерски системи и мрежи, 180 ЕКТС

Дипломиран инженер по информатика

1 СЕМЕСТАР

  ПРЕДМЕТ ЗАД./ИЗБ. ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
1. Основи на програмирање Задолжителен 8 240
2. Апликативни програми Задолжителен 8 240
3. Математика Задолжителен 8 240
4. Алгоритми и структура на податоци Изборен 6 210
5. Англиски јазик Изборен 6 210

2 СЕМЕСТАР

  ПРЕДМЕТ ЗАД./ИЗБ. ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
6. Компјутерска архитектура Задолжителен 8 240
7. Објектно програмирање Задолжителен 8 240
8. Просторни информациски системи Задолжителен 8 240
9. Основи на економија Изборен 6 210
10. Основи на информатика Изборен 6 210

3 СЕМЕСТАР

  ПРЕДМЕТ ЗАД./ИЗБ. ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
1. Компјутерски мрежи 1 Задолжителен 8 240
2. Компјутерски анимации Задолжителен 8 240
3. Безбедност на компјутерски системи Задолжителен 8 240
4. Софтверско инженерство Изборен 6 210
5. Развој на ГИС системи Изборен 6 210

4 СЕМЕСТАР

  ПРЕДМЕТ ЗАД./ИЗБ. ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
6. Бази на податоци Задолжителен 8 240
7. Оперативни системи Задолжителен 8 240
8. WEB дизајн Задолжителен 8 240
9. Дизајн на корпоративен идентитет Изборен 6 210
10. Основи на менаџмент Изборен 6 210

5 СЕМЕСТАР

  ПРЕДМЕТ ЗАД./ИЗБ. ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
1. Компјутерски мрежи 2 Задолжителен 8 240
2. Интернет технологии Задолжителен 8 240
3. Основи на интелигентни системи Задолжителен 8 240
4. Информатичка етика Изборен 6 210
5. Безбедност на компјутерски системи Изборен 6 210

6 СЕМЕСТАР

  ПРЕДМЕТ ЗАД./ИЗБ. ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
6. Проектна работа Задолжителен 8 240
7. Напредно проектирање компјутерски мрежи Задолжителен 8 240
8. Интеракција човек – компјутер Задолжителен 8 240
9. Безжични и мобилни технологии Изборен 6 210
10. Логичко дизајнирање на информациони системи Изборен 6 210

 


Услови за упис


Право на запишување на прв циклус на студии имаат кандидатите со завршено четиригодишно средно образование во државата или во странство со положена државна или меѓународна матура.

Право на запишување имаат и студенти од други акредитирани факултети, дипломирани лица и странски државјани (регулирано со закон).

Кандидатите се запишуваат без полагање на приемен испит.


Документи за упис


При пријавувањето за упис на прв циклус на студии кандидатите ги поднесуваат следните документи:

  •   Диплома за положена државна или меѓународна матура;
  •   Свидетелства од сите 4 години;
  •   Копија од извод од матична книга на родените;
  •   Копија од државјанство;
  •   4 мали фотографии во боја;

Документите за пријавување се поднесуваат во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет во Свети Николе на ул. „Маршал Тито“ бр. 77 и во Битола на ул. „Новачки пат“ бр 16.


Школарина


Кандидатите може да направат упис како редовни или вонредни студенти со самофинансирање на студиите во износ од 1030 евра (за една учебна година) во денарска противвредност.

Нудиме можности за плаќање на рати, а при плаќање на целокупниот износ на почетокот на академската година, студентите добиваат попуст од 10%. За студирање на двајца студенти од исто семејство одобруваме дополнителен попуст од 20% за секој член, за тројца или повеќе студенти од исто семејство по 25% за секој член, како и 20% за бранители.


https://www.facebook.com/slavjanskiuniverzitet/videos/1642012502476156/


CAPTCHA image