Додипломски студии

Нашиот факултет нуди две насоки на додипломски студии по информатика. Студиите се со времетраење од три години.

Решавањето на проблеми е можеби најважниот дел од информатиката како наука. Предметите кои се опфатени во наставните програми на овие две насоки ќе ги научат студентите за дизајнот и развојот на софтверски решенија кои помагаат во решавање на проблеми од разни области.

На секоја област и се потребни разни видови на софтвер, па така, инженерите по информатика би можеле да работат секаде. Постојат проблеми во инженерството, науката, здравството, економијата и многу други области кои можат да се решат софтверски. Инженерот по информатика е должен да осмисли како би се решил тој проблем, да дизајнира софтверски решение и да го примени.

Завршените студии од областа на информатиката ќе бидат доказ за совладаните техники и вештини и добра основа за понатамошно надоградување.


Факултет за информатика | 2017

Уписите на додипломските студии на Факултетот за информатика се веќе започнати! ⏰Ние градиме факултет кој ќе биде претпознатлив по применетата информатика, а за таа цел имаме ангажирано професори кои се врвни експерти во својата област и имаат практично информатичко искуство, стекнато со реализација на проекти во светски рамки.И Вие сакате да студирате информатика? 🤔 Прочитајте повеќе на: http://msu.edu.mk/fakulteti/fi/za-fakultetot/ 🙂Официјален руски партнерски универзитет. 🇲🇰 🇷🇺

Posted by Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ on Thursday, June 29, 2017


CAPTCHA
Please wait...