Декан

проф. д-р Орце Симов

Почитувани студенти,

Денес живееме во свет на глобализација кога квалитетот и знаењето се поважни од кога било. Информатиката, знаењето, a особено практичното знаење, ги отвора сите порти, секаде во светот. Затоа е од исклучителна важност со каков квалитет на практично знаење ќе се здобие студентот по завршувањето на студиите.

Дефицит од квалитетен информатички кадар постои во целиот свет. Вработувањето и професионалното ангажирање во компаниите и институциите секогаш е поврзано со практичното знаење со кое располага кандидатот. Затоа уште од самиот почеток кандидатите скоро во секоја компанија поминуваат тест период – им се дава одреден проект, односно работна задача што треба да ја извршат и во зависност од нивните способности им се нуди или не работно ангажирање.

Факултетот за информатика во состав на МСУ во целост се вклопува во овие светски трендови. Практичното знаење е наша приоритетна задача, со единствена цел, студентот по завршување на студиите да може веднаш да се вклучи во работно ангажирање во тековната компанија или институција.

На нашиот факултет имаме опремени компјутерски лаборатории (современ софтвер и хардвер) каде преку постојана практична работа студентите се оспособуваат успешно да влезат во светот на компјутерското знаење. Во изминатите три години, нашите завршени студенти веќе работат (над 90%) во институции и компании како во Македонија, така и надвор од неа. Посебен успех нашите студенти имаат при аплицирање за работа во странски компании во Македонија, на кои знаењето на студентите им е најважно. Исто така, наши студенти кои веќе работат во повеќе држави надвор од Македонија, нè информираат дека нивните дипломи се признаваат секаде во светот.

Тоа е уште една потврда за нашата успешна практична настава и уште еден предизвик, матурантите да се запишат на нашиот факултет за информатика.

CAPTCHA
Please wait...