Менаџмент со човечки ресурси во мали и средни претпријатија (4+1)

Насока Менаџмент со човечки ресурси во мали и средни претпријатија (4+1)

Име на насоката: Менаџмент со човечки ресурси во мали и средни претпријатија
Факултет: Факултет за економија и организација на претприемништво
Тип на студии: последипломски (втор циклус)
Локација: во Свети Николе или Битола
Времетраење на студиите: 1 година (два семестри)
Услов за упис: стекнати најмалку 240 ЕКТС кредити
Вкупно предмети: 5
ЕКТС кредити на програмата: 60
ЕКТС по завршувањето: 300
Стручен назив: Магистер по економски науки
Годишна школарина: 1530 евра


На насоката Менаџмент со човечки ресурси ќе научите да „направите место“ за современите модели на управување, кои се пофлексибилни, попрактични и секако, похумани. Студиите се последипломски, со траење од една година (4+1) или 60 ЕКТС кредити Услов за упис е студентот да има завршено високо образование при кое се има стекнато со 240 ЕКТС.

Менаџментот со човечки ресурси може да биде дефиниран како менаџирање на работата и луѓето со цел да се постигнат саканите резултати. Ова е клучен дел од секоја организација и овде на исто мерило се ставаат високите перформанси на луѓето вклучени во организацијата, како и целите на истата.



Во современите организации, од сите основни ресурси (суровини, машини, капитал, луѓе) акцентот свесно се става на луѓето. Менаџментот на човечките ресурси е комплексен процес, тесно испреплетен со други аспекти во бизнисот и е стратешки партнер во придонесот за реализација на поставените цели.

Студиите ќе ви овозможат да стекнете знаење за разновидните активности и функции на менаџментот на човечки ресурси, да го планирате потребниот број и структура на вработените, да ги анализирате и обликувате работите и работните места, да ги придобивате, избирате и распоредувате вработените, како и да ги развивате потенцијалите на секој вработен.

Ќе знаете зошто мотивацијата во работата е важна и како се стимулира, зошто е важна организациската култура и нејзиното постојано унапредување и како се распоредува моќта во организацијата, зошто постојат и како треба да се организираат политичките процеси во неа.

Во рамките на едногодишните студии се опфатени 5 предмети кои студентите треба да ги положат. Од понудените 2 изборни предмети, студентите избираат само 1.

Во подолу дадената табела под Ун. изборен се подразбира универзитетски изборен предмет и за изборот на овие предмети важат истите правила како за стандардните изборни предмети.

Дополнително, во наставата е вклучена практична настава, изработка на нацрт за магистерски труд и на крај изготвување и одбрана на магистерски труд.

По завршувањето на студиите и подготовката на магистерскиот труд се стекнувате со стручен назив Магистер по економски науки.


Наставна програма • петта година


Факултет за економија и организација на претприемништво
Насока Менаџмент со човечки ресурси во мали и средни претпријатија
Магистер на економски науки
Едногодишни студии
9 СЕМЕСТАР
Предмет ЗАД/ИЗБ ЕКТС Оптовареност
1 Менаџмент со персонал Задолжителен 9 270
2 Mеѓународен менаџмент Задолжителен 9 270
3 Организациски дизајн и промени Задолжителен 9 270
10 СЕМЕСТАР
1 Маркетинг менаџмент Изборен 8 240
2 Менаџмент на малиот бизнис Изборен 8 240
3 Методологија и научна теорија Ун. изборен 8 240
4 Организациски менаџмент Ун. изборен 8 240
Практична работа 4 120
Нацрт на магистерски труд 3 90
Магистерски труд 10 300

Услови за упис

Право на запишување на втор циклус на студии имаат кандидатите со завршен прв циклус на студии со стекнати 240 ЕКТС (завршени четиригодишни студии).
Право на запишување имаат и студенти од други акредитирани факултети и странски државјани (регулирано со закон).
Кандидатите се запишуваат без полагање на приемен испит.


Документи за упис

При пријавувањето за упис на втор циклус на студии кандидатите ги поднесуваат следните документи:

  •  Диплома за завршен прв циклус на студии;
  •  Уверение за положени испити;
  •  Извод од матична книга на родените;
  •  Фотокопија од лична карта;
  •  4 мали слики во боја

Документите за пријавување се поднесуваат во просториите на Меѓународниот Славјански Универзитет „Г. Р. Державин” во Свети Николе на ул. „Маршал Тито“ бр. 77 или во Битола на ул. „Новачки пат“ бр. 16.


Школарина

Кандидатите може да направат упис како редовни или вонредни студенти со самофинансирање на студиите во износ од 1530 евра (за една учебна година) во денарска противвредност.

Нудиме можности за плаќање на рати, а при плаќање на целокупниот износ на почетокот на академската година, студентите добиваат попуст од 10%. За студирање на двајца студенти од исто семејство одобруваме дополнителен попуст од 20% за секој член, за тројца или повеќе студенти од исто семејство по 25% за секој член, за студенти на МСУ кои од прв продолжуваат на втор циклус на студии 10%, како и 20% за бранители.


Факултет за економија | 2017

Уписите на додипломските и последипломските студии на Факултетот за економија се веќе започнати! ⏰Менаџментот и економијата се тесно поврзани со креативноста и иновациите. Доколку сте креативни и мотивирани – припаѓате овде!И Вие сакате да студирате економија и менаџмент? 🤔 Прочитајте повеќе на: http://msu.edu.mk/fakulteti/feiop/za-fakultetot/ 🙂Официјален руски партнерски универзитет. 🇲🇰 🇷🇺

Posted by Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ on Tuesday, June 27, 2017


CAPTCHA
Please wait...