Студиска програма Финансии и кредит (4+1)
стара програма
Важно: Оваа студиска програма повеќе не е активна и е заменета со студиската програма Финансии и банкарство.
Име на студиската програма: Финансии и кредит
Факултет: Факултет за економија и организација на претприемништво
Тип на студии: додипломски (прв циклус)
Локација: во Свети Николе или Битола
Студентски статус: редовен или вонреден
Времетраење на студиите: 4 години (осум семестри)
Вкупно предмети: 32
Вкупно ЕКТС: 240
Стручен назив: дипломиран економист
Годишна школарина: 1030 евра
Финансиите играат значајна улога во стабилноста на светската економија, што значи дека тие се директно или индиректно поврзани со сите нас. Финансии и кредит е насока за сите оние кои сакаат да се вработат во областа на финансиите (сметководители, банкари). Студиите траат четири години, односно осум семестри.
Во наставната програма ќе ви бидат објаснети суштината и практичното значење на основните принципи на финансиите, ќе научите да ги познавате карактеристиките и видовите на различни финансиски инструменти (обврзници, акции, штедни влогови, заеми, финансиски деривати, итн.), ќе ги научите принципите на вреднување на финансиските инструменти, односно основните фактори од кои зависи одлуката на инвеститорот во кои од финансиските инструменти ќе ги вложи своите пари.
Вклучени се и предмети од областа на сметководството, каде ќе бидете запознаени со основните техники на книжење на средствата, со сметководственото евидентирање на приходите и расходите…
Финансии и кредит е насока која ќе ви помогне да ги развиете своите аналитички вештини, како и вештините за донесување заклучоци. Постојат бројни претходно подготвени теории кои можат да ви помогнат да одлучите кое финансиско решение е најдобро, но овде ќе научите дека секоја ситуација е различна. Претходно подготвените теории ќе ви помогнат да ги согледате работите, но не значи дека секогаш ќе можат да се имплементираат такви какви што се.
Токму затоа, овде ќе научите да го развиете вашето „чувство“ за справување со работите кои не може да се предвидат, кое вам, како иден економист, ќе ви биде најдобар сојузник.
Во рамките на четиригодишните студии се опфатени 32 предмети кои студентите треба да ги положат. Во секој семестар има по 2 задолжителни и 4 изборни предмети. Од можните 4 изборни предмети, студентите избираат само 2 – и тоа се бира помеѓу првиот и вториот изборен предмет, односно помеѓу третиот и четвртиот, итн. На пример, се избира само еден предмет – или бр. 3 или бр. 4 (освен ако некаде не е поинаку назначено).
Во подолу дадената табела под Ун. изборен се подразбира универзитетски изборен предмет и за изборот на овие предмети важат истите правила како за стандардните изборни предмети.
По дипломирањето ќе се стекнете со стручен назив дипломиран економист.
Наставна програма • четиригодишни студии
Факултет за економија и организација на претприемништво | ||||
Студиска програма: Финансии и кредит | ||||
Дипломиран економист | ||||
1 СЕМЕСТАР | ||||
ПРЕДМЕТ | ЗАД./ИЗБ. | ЕКТС | ОПТОВАРЕНОСТ | |
1 | Развој на економската мисла | Задолжителен | 8 | 240 |
2 | Основи на сметководство | Задолжителен | 8 | 240 |
3 | Социологија | Изборен | 7 | 210 |
4 | Економска теорија | Изборен | 7 | 210 |
5 | Славјанство | Изборен | 7 | 210 |
6 | Деловна етика | Изборен | 7 | 210 |
2 СЕМЕСТАР | ||||
ПРЕДМЕТ | ЗАД./ИЗБ. | ЕКТС | ОПТОВАРЕНОСТ | |
7 | Економска математика | Задолжителен | 8 | 240 |
8 | Економска географија | Задолжителен | 8 | 240 |
9 | Руски јазик 1 | Изборен | 7 | 210 |
10 | Англиски јазик 1 | Изборен | 7 | 210 |
11 | Основи на економија | Ун. изборен | 7 | 210 |
12 | Основи на информатика | Ун. изборен | 7 | 210 |
3 СЕМЕСТАР | ||||
ПРЕДМЕТ | ЗАД./ИЗБ. | ЕКТС | ОПТОВАРЕНОСТ | |
1 | Деловно претпријатие | Задолжителен | 8 | 240 |
2 | Макроекономија | Задолжителен | 8 | 240 |
3 | Руски јазик 2 | Изборен | 7 | 210 |
4 | Англиски јазик 2 | Изборен | 7 | 210 |
5 | Основи на право | Изборен | 7 | 210 |
6 | Филозофија | Изборен | 7 | 210 |
4 СЕМЕСТАР | ||||
ПРЕДМЕТ | ЗАД./ИЗБ. | ЕКТС | ОПТОВАРЕНОСТ | |
7 | Статистичка математика | Задолжителен | 8 | 240 |
8 | Финансов менаџмент | Задолжителен | 8 | 240 |
9 | Деловно право | Изборен | 7 | 210 |
10 | Економско право | Изборен | 7 | 210 |
11 | Основи на менаџмент | Ун. изборен | 7 | 210 |
12 | Психологија на бизнис | Ун. изборен | 7 | 210 |
5 СЕМЕСТАР | ||||
ПРЕДМЕТ | ЗАД./ИЗБ. | ЕКТС | ОПТОВАРЕНОСТ | |
1 | Финансиски пазари | Задолжителен | 8 | 240 |
2 | Даночен систем | Задолжителен | 8 | 240 |
3 | Електронски бизнис | Изборен | 7 | 210 |
4 | Логика | Изборен | 7 | 210 |
5 | Сметководствена контрола и ревизија | Изборен | 7 | 210 |
6 | Претприемачки менаџмент | Изборен | 7 | 210 |
6 СЕМЕСТАР | ||||
ПРЕДМЕТ | ЗАД./ИЗБ. | ЕКТС | ОПТОВАРЕНОСТ | |
7 | Формирање на цени | Задолжителен | 8 | 240 |
8 | Финансии и кредит | Задолжителен | 8 | 240 |
9 | Англиски јазик 1 | Изборен | 7 | 210 |
10 | Руски јазик 2 | Изборен | 7 | 210 |
11 | Сметководствена пресметка | Ун. изборен | 7 | 210 |
12 | Проект менаџмент | Ун. изборен | 7 | 210 |
7 СЕМЕСТАР | ||||
ПРЕДМЕТ | ЗАД./ИЗБ. | ЕКТС | ОПТОВАРЕНОСТ | |
1 | Банкарско работење | Задолжителен | 8 | 240 |
2 | Девизен систем на работење | Задолжителен | 8 | 240 |
3 | Англиски јазик 2 | Изборен | 7 | 210 |
4 | Руски јазик 2 | Изборен | 7 | 210 |
5 | Организациско однесување | Изборен | 7 | 210 |
6 | Деловни системи | Изборен | 7 | 210 |
8 СЕМЕСТАР | ||||
ПРЕДМЕТ | ЗАД./ИЗБ. | ЕКТС | ОПТОВАРЕНОСТ | |
7 | Меѓународна трговија | Задолжителен | 8 | 240 |
8 | Инвестиции | Задолжителен | 8 | 240 |
9 | Информатички технологии | Изборен | 7 | 210 |
10 | Информатички системи | Изборен | 7 | 210 |
11 | Историја на Русија и Македонија | Ун. изборен | 7 | 210 |
12 | Електронски бизнис | Ун. изборен | 7 | 210 |
Услови за упис
Право на запишување на прв циклус на студии имаат кандидатите со завршено четиригодишно средно образование во државата или во странство со положена државна или меѓународна матура.
Право на запишување имаат и студенти од други акредитирани факултети, дипломирани лица и странски државјани (регулирано со закон).
Кандидатите се запишуваат без полагање на приемен испит.
Документи за упис
При пријавувањето за упис на прв циклус на студии кандидатите ги поднесуваат следните документи:
- Диплома за положена државна или меѓународна матура;
- Свидетелства од сите 4 години;
- Копија од извод од матична книга на родените;
- Копија од државјанство;
- 4 мали фотографии во боја;
Документите за пријавување се поднесуваат во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин” во Свети Николе на ул. „Маршал Тито“ бр. 77 и во Битола на ул. „Новачки пат“ бр 16.
Школарина
Кандидатите може да направат упис како редовни или вонредни студенти со самофинансирање на студиите во износ од 1030 евра (за една учебна година) во денарска противвредност.
Нудиме можности за плаќање на рати, а при плаќање на целокупниот износ на почетокот на академската година, студентите добиваат попуст од 10%. За студирање на двајца студенти од исто семејство одобруваме дополнителен попуст од 20% за секој член, за тројца или повеќе студенти од исто семејство по 25% за секој член, како и 20% за бранители.
https://www.facebook.com/slavjanskiuniverzitet/videos/1639275336083206/