Менаџмент на организација (4+1)

Насока Менаџмент на организација (4+1)

Име на насоката: Менаџмент на организација
Факултет: Факултет за економија и организација на претприемништво
Тип на студии: додипломски (прв циклус)
Локација: во Свети Николе или Битола
Студентски статус: редовен или вонреден
Времетраење на студиите: 4 години (осум семестри)
Вкупно предмети: 32
Вкупно ЕКТС: 240
Стручен назив: дипломиран економист-менаџер
Годишна школарина: 1030 евра


Менаџмент на организација е најпопуларната насока на Славјански, а студиите траат четири години, односно осум семестри.

На насоката Менаџмент на организација како студент ќе бидете запознаени со основите на менаџментот, бизнис стратегиите, психологијата на бизнис, менаџментот со човечки ресурси, но ќе изучувате и предмети од економијата кои ќе ви бидат значајни за менаџирањето на компанијата или организацијата каде ќе работите во иднина.



Предметите од оваа насока ќе ви дадат јасна слика за менаџерските функции, улоги, одлуки и вештини. Детално ќе ги проучите сите менаџерски функции – планирање, организирање, раководење и контролирање. Ќе се посвети внимание на решавањето на проблеми и донесување одлуки, справување со организациски конфликти и управување во кризни ситуации. Преку вежби, како идни менаџери  ќе  бидете запознаени со повеќе начини на тимска работа и воспоставање и одржување на комуникацијата и соработка со експерти од разни области.

Во рамките на четиригодишните студии се опфатени 32 предмети кои студентите треба да ги положат. Во секој семестар има по 2 задолжителни и 4 изборни предмети. Од можните 4 изборни предмети, студентите избираат само 2 – и тоа се бира помеѓу првиот и вториот изборен предмет, односно помеѓу третиот и четвртиот, итн. На пример, се избира само еден предмет – или бр. 3 или бр. 4 (освен ако некаде не е поинаку назначено).

Во подолу дадената табела под Ун. изборен се подразбира универзитетски изборен предмет и за изборот на овие предмети важат истите правила како за стандардните изборни предмети.

Откако ќе дипломирате ќе се стекнете со стручен назив дипломиран економист – менаџер и диплома што отвора широк спектар на можности за вработување и градење на успешна кариера.


Наставна програма • четиригодишни студии


Факултет за eкономија и организација на претприемништво
Насока: Менаџмент на организација
Дипломиран економист – менаџер
1 СЕМЕСТАР
ПРЕДМЕТ ЗАД./ИЗБ. ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
1 Развој на економската мисла Задолжителен 8 240
2 Основи на сметководство Задолжителен 8 240
3 Социологија Изборен 7 210
4 Економска теорија Изборен 7 210
5 Славјанство Изборен 7 210
6 Деловна етика Изборен 7 210
2 СЕМЕСТАР
ПРЕДМЕТ ЗАД./ИЗБ. ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
7 Економска математика Задолжителен 8 240
8 Економска географија Задолжителен 8 240
9 Руски јазик 1 Изборен 7 210
10 Англиски јазик 1 Изборен 7 210
11 Основи на економија Ун. изборен 7 210
12 Основи на информатика Ун. изборен 7 210
3 СЕМЕСТАР
ПРЕДМЕТ ЗАД./ИЗБ. ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
1 Деловно претпријатие Задолжителен 8 240
2 Макроекономија Задолжителен 8 240
3 Руски јазик 2 Изборен 7 210
4 Англиски јазик 2 Изборен 7 210
5 Основи на право Изборен 7 210
6 Филозофија Изборен 7 210
4 СЕМЕСТАР
ПРЕДМЕТ ЗАД./ИЗБ. ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
7 Статистичка математика Задолжителен 8 240
8 Финансов менаџмент Задолжителен 8 240
9 Деловно право Изборен 7 210
10 Економско  право Изборен 7 210
11 Основи на менаџмент Ун. изборен 7 210
12 Психологија на бизнис Ун. изборен 7 210
5 СЕМЕСТАР
ПРЕДМЕТ ЗАД./ИЗБ. ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
1 Основи на маркетинг Задолжителен 8 240
2 Кризен менаџмент Задолжителен 8 240
3 Финансиски пазари Изборен 7 210
4 Сметководствена контрола и ревизија Изборен 7 210
5 Даночен систем Изборен 7 210
6 Основи на осигурување и ризик Изборен 7 210
6 СЕМЕСТАР
ПРЕДМЕТ ЗАД./ИЗБ. ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
7 Менаџмент на човечки ресурси Задолжителен 8 240
8 Производствен менаџмент Задолжителен 8 240
9 Англиски јазик 1 Изборен 7 210
10 Руски јазик 2 Изборен 7 210
11 Формирање на цени Ун. изборен 7 210
12 Политикологија Ун. изборен 7 210
7 СЕМЕСТАР
ПРЕДМЕТ ЗАД./ИЗБ. ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
1 Стратегиски менаџмент Задолжителен 8 240
2 Оперативен менаџмент Задолжителен 8 240
3 Англиски јазик 2 Изборен 7 210
4 Руски јазик 2 Изборен 7 210
5 Организациско однесување Изборен 7 210
6 Вреднување на трудот Изборен 7 210
8 СЕМЕСТАР
ПРЕДМЕТ ЗАД./ИЗБ. ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
7 Инвестиционен  менаџмeнт Задолжителен 8 240
8 Банкарски менаџмент Задолжителен 8 240
9 Менаџмент на природни ресурси Изборен 7 210
10 Информатички системи Изборен 7 210
11 Историја на Русија и Македонија Ун. изборен 7 210
12 Електронски бизнис Ун. изборен 7 210

 


Услови за упис

Право на запишување на прв циклус на студии имаат кандидатите со завршено четиригодишно средно образование во државата или во странство со положена државна, училишна или меѓународна матура.

Право на запишување имаат и студенти од други акредитирани факултети, дипломирани лица и странски државјани (регулирано со закон).

Кандидатите се запишуваат без полагање на приемен испит.


Документи за упис

При пријавувањето за упис на прв циклус на студии кандидатите ги поднесуваат следните документи:

  •   Диплома за положена државна, училишна или меѓународна матура;
  •   Свидетелства од сите 4 години;
  •   Копија од извод од матична книга на родените;
  •   Копија од државјанство;
  •   4 мали фотографии во боја;

Документите за пријавување се поднесуваат во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин” во Свети Николе на ул. „Маршал Тито“ бр. 77 и во Битола на ул. „Новачки пат“ бр 16.


Школарина

Кандидатите може да направат упис како редовни или вонредни студенти со самофинансирање на студиите во износ од 1030 евра (за една учебна година) во денарска противвредност.

Нудиме можности за плаќање на рати, а при плаќање на целокупниот износ на почетокот на академската година, студентите добиваат попуст од 10%. За студирање на двајца студенти од исто семејство одобруваме дополнителен попуст од 20% за секој член, за тројца или повеќе студенти од исто семејство по 25% за секој член, како и 20% за бранители.


Факултет за економија | 2017

Уписите на додипломските и последипломските студии на Факултетот за економија се веќе започнати! ⏰Менаџментот и економијата се тесно поврзани со креативноста и иновациите. Доколку сте креативни и мотивирани – припаѓате овде!И Вие сакате да студирате економија и менаџмент? 🤔 Прочитајте повеќе на: http://msu.edu.mk/fakulteti/feiop/za-fakultetot/ 🙂Официјален руски партнерски универзитет. 🇲🇰 🇷🇺

Posted by Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ on Tuesday, June 27, 2017


CAPTCHA
Please wait...