Финансии и кредит (4+1)

Насока Финансии и кредит (4+1)

Име на насоката: Финансии и кредит
Факултет: Факултет за економија и организација на претприемништво
Тип на студии: додипломски (прв циклус)
Локација: во Свети Николе или Битола
Студентски статус: редовен или вонреден
Времетраење на студиите: 4 години (осум семестри)
Вкупно предмети: 32
Вкупно ЕКТС: 240
Стручен назив: дипломиран економист
Годишна школарина: 1030 евра


Финансиите играат значајна улога во стабилноста на светската економија, што значи дека тие се директно или индиректно поврзани со сите нас. Финансии и кредит е насока за сите оние кои сакаат да се вработат во областа на финансиите (сметководители, банкари). Студиите траат четири години, односно осум семестри.

Во наставната програма ќе ви бидат објаснети суштината и практичното значење на основните принципи на финансиите, ќе научите да ги познавате карактеристиките и видовите на различни финансиски инструменти (обврзници, акции, штедни влогови, заеми, финансиски деривати, итн.), ќе ги научите принципите на вреднување на финансиските инструменти, односно основните фактори од кои зависи одлуката на инвеститорот во кои од финансиските инструменти ќе ги вложи своите пари.

Вклучени се и предмети од областа на сметководството, каде ќе бидете запознаени со основните техники на книжење на средствата, со сметководственото евидентирање на приходите и расходите…



Финансии и кредит е насока која ќе ви помогне да ги развиете своите аналитички вештини, како и вештините за донесување заклучоци. Постојат бројни претходно подготвени теории кои можат да ви помогнат да одлучите кое финансиско решение е најдобро, но овде ќе научите дека секоја ситуација е различна. Претходно подготвените теории ќе ви помогнат да ги согледате работите, но не значи дека секогаш ќе можат да се имплементираат такви какви што се.

Токму затоа, овде ќе научите да го развиете вашето „чувство“ за справување со работите кои не може да се предвидат, кое вам, како иден економист, ќе ви биде најдобар сојузник.

Во рамките на четиригодишните студии се опфатени 32 предмети кои студентите треба да ги положат. Во секој семестар има по 2 задолжителни и 4 изборни предмети. Од можните 4 изборни предмети, студентите избираат само 2 – и тоа се бира помеѓу првиот и вториот изборен предмет, односно помеѓу третиот и четвртиот, итн. На пример, се избира само еден предмет – или бр. 3 или бр. 4 (освен ако некаде не е поинаку назначено).

Во подолу дадената табела под Ун. изборен се подразбира универзитетски изборен предмет и за изборот на овие предмети важат истите правила како за стандардните изборни предмети.

По дипломирањето ќе се стекнете со стручен назив дипломиран економист.


Наставна програма • четиригодишни студии


Факултет за економија и организација на претприемништво
Насока: Финансии и кредит
Дипломиран економист
1 СЕМЕСТАР
ПРЕДМЕТ ЗАД./ИЗБ. ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
1 Развој на економската мисла Задолжителен 8 240
2 Основи на сметководство Задолжителен 8 240
3 Социологија Изборен 7 210
4 Економска теорија Изборен 7 210
5 Славјанство Изборен 7 210
6 Деловна етика Изборен 7 210
2 СЕМЕСТАР
ПРЕДМЕТ ЗАД./ИЗБ. ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
7 Економска математика Задолжителен 8 240
8 Економска географија Задолжителен 8 240
9 Руски јазик 1 Изборен 7 210
10 Англиски јазик 1 Изборен 7 210
11 Основи на економија Ун. изборен 7 210
12 Основи на информатика Ун. изборен 7 210
3 СЕМЕСТАР
ПРЕДМЕТ ЗАД./ИЗБ. ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
1 Деловно претпријатие Задолжителен 8 240
2 Макроекономија Задолжителен 8 240
3 Руски јазик 2 Изборен 7 210
4 Англиски јазик 2 Изборен 7 210
5 Основи на право Изборен 7 210
6 Филозофија Изборен 7 210
4 СЕМЕСТАР
ПРЕДМЕТ ЗАД./ИЗБ. ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
7 Статистичка математика Задолжителен 8 240
8 Финансов менаџмент Задолжителен 8 240
9 Деловно право Изборен 7 210
10 Економско  право Изборен 7 210
11 Основи на менаџмент Ун. изборен 7 210
12 Психологија на бизнис Ун. изборен 7 210
5 СЕМЕСТАР
ПРЕДМЕТ ЗАД./ИЗБ. ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
1 Финансиски пазари Задолжителен 8 240
2 Даночен систем Задолжителен 8 240
3 Електронски бизнис Изборен 7 210
4 Логика Изборен 7 210
5 Сметководствена контрола и ревизија Изборен 7 210
6 Претприемачки менаџмент Изборен 7 210
6 СЕМЕСТАР
ПРЕДМЕТ ЗАД./ИЗБ. ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
7 Формирање на цени Задолжителен 8 240
8 Финансии и кредит Задолжителен 8 240
9 Англиски јазик 1 Изборен 7 210
10 Руски јазик 2 Изборен 7 210
11 Сметководствена пресметка Ун. изборен 7 210
12 Проект менаџмент Ун. изборен 7 210
7 СЕМЕСТАР
ПРЕДМЕТ ЗАД./ИЗБ. ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
1 Банкарско работење Задолжителен 8 240
2 Девизен систем на работење Задолжителен 8 240
3 Англиски јазик 2 Изборен 7 210
4 Руски јазик 2 Изборен 7 210
5 Организациско однесување Изборен 7 210
6 Деловни системи Изборен 7 210
ОСМИ СЕМЕСТАР
ПРЕДМЕТ ЗАД./ИЗБ. ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
7 Меѓународна трговија Задолжителен 8 240
8 Инвестиции Задолжителен 8 240
9 Информатички технологии Изборен 7 210
10 Информатички системи Изборен 7 210
11 Историја на Русија и Македонија Ун. изборен 7 210
12 Електронски бизнис Ун. изборен 7 210

 


Услови за упис

Право на запишување на прв циклус на студии имаат кандидатите со завршено четиригодишно средно образование во државата или во странство со положена државна или меѓународна матура.

Право на запишување имаат и студенти од други акредитирани факултети, дипломирани лица и странски државјани (регулирано со закон).

Кандидатите се запишуваат без полагање на приемен испит.


Документи за упис

При пријавувањето за упис на прв циклус на студии кандидатите ги поднесуваат следните документи:

  •   Диплома за положена државна или меѓународна матура;
  •   Свидетелства од сите 4 години;
  •   Копија од извод од матична книга на родените;
  •   Копија од државјанство;
  •   4 мали фотографии во боја;

Документите за пријавување се поднесуваат во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин” во Свети Николе на ул. „Маршал Тито“ бр. 77 и во Битола на ул. „Новачки пат“ бр 16.


Школарина

Кандидатите може да направат упис како редовни или вонредни студенти со самофинансирање на студиите во износ од 1030 евра (за една учебна година) во денарска противвредност.

Нудиме можности за плаќање на рати, а при плаќање на целокупниот износ на почетокот на академската година, студентите добиваат попуст од 10%. За студирање на двајца студенти од исто семејство одобруваме дополнителен попуст од 20% за секој член, за тројца или повеќе студенти од исто семејство по 25% за секој член, како и 20% за бранители.


Факултет за економија | 2017

Уписите на додипломските и последипломските студии на Факултетот за економија се веќе започнати! ⏰Менаџментот и економијата се тесно поврзани со креативноста и иновациите. Доколку сте креативни и мотивирани – припаѓате овде!И Вие сакате да студирате економија и менаџмент? 🤔 Прочитајте повеќе на: http://msu.edu.mk/fakulteti/feiop/za-fakultetot/ 🙂Официјален руски партнерски универзитет. 🇲🇰 🇷🇺

Posted by Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ on Tuesday, June 27, 2017


CAPTCHA
Please wait...