Ќе студирате на првиот и единствен ваков факултет во Р. Северна Македонија
Република Северна Македонија ги следи eвропските трендови во областа на безбедноста при работа и пожари. Во денешно време евидентна е потребата од стручни лица за вршење на работи од областа на безбедност и здравје при работа.
Нашиот факултет е прва и единствена високообразовна и истражувачка установа во Р. Северна Македонија од тој вид.
Овде вашата кариера е безбедна
Должност на работодавачите е да го имплементираат Законот за безбедност и здравје при работа, па така тие се должни да вработат инженери за безбедност при работа.
Се повеќе работодавачи од домашни и странски претпријатија бараат дипломирани инженери од нашиот факултет, кој е единствен од овој тип во Република Северна Македонија. Тоа ни дава за право да констатираме дека овој факултет ќе биде факултет на иднината, за што зборува и се поголемиот интерес на студентите за него.
Што по дипломирањето?
Дипломата од Факултетот за безбедносно инженерство овозможува широка можност за вработување во: мали, средни и големи претпријатија (индустрија, градежништво, сообраќај, шумарство, земјоделство, трговија, угостителство, водостопанство и др.) министерства, образовни организации, научно-истражувачки организации, инспекциски органи итн.
Факултет за безбедносно инженерство | 2017
Уписите на додипломските и последипломските студии на Факултетот за безбедносно инженерство се веќе започнати! ⏰Дали знаевте дека нашиот Факултет за безбедносно инженерство е прв и единствен факултет од ваков вид во Македонија? 🤔Подготвени со широко познавање на технологијата и психологијата на работното место, студентите ќе може да донесуваат одлуки поврзани со безбедноста и со тоа да ја заштитат околината, како и луѓето кои живеат во неа. Ова е Вашата шанса да го промените светот. И Вие сакате да студирате безбедност при работа или пожар? 🤔 Прочитајте повеќе на: http://msu.edu.mk/fakulteti/fbi/za-fakultetot/ 🙂Официјален руски партнерски универзитет. 🇲🇰 🇷🇺
Posted by Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ on Monday, June 26, 2017