Безбедност при работа (3+2)

Насока Безбедност при работа (3+2)

Име на насоката: Безбедност при работа
Факултет: Факултет за безбедносно инженерство
Тип на студии: последипломски (втор циклус)
Локација: во Свети Николе или Битола
Времетраење на студиите: 2 години (четири семестри)
Услов за упис: стекнати најмалку 180 ЕКТС кредити
Вкупно предмети: 16 (вклучувајќи магистерски труд и стручна пракса)
ЕКТС кредити на програмата: 120
ЕКТС по завршувањето: 300
Стручен назив: Магистер по безбедност при работа
Годишна школарина: 1730 евра


Под безбедност при работа се подразбира превентивно применување на одредени мерки и прописи што се однесуваат на безбедноста на човековото здравје во работната средина. На овој факултет ќе научите кои се можните опасности по човековото здравје во одредени средини, како се препознаваат и како се елиминираат.

Целта на заштитата при работа е да се создадат сигурни работни услови за спречување на повредите на работното место, професионалните заболувања и несреќите, односно смалување на можните штетни последици доколку опасноста не може да се отстрани комплетно.



Факултет за безбедносно инженерство

Насока Безбедност при работа

Магистерски, 300 ЕКТС

7 СЕМЕСТАР

  Предмет Зад/Изб ЕКТС Оптовареност
1. Безбедносно инженерство Задолжителен 8 240
2. Доверливост и безбедност на системи Задолжителен 8 240
3. Безбедност во технолошки системи Задолжителен 8 240
4. Егрономско проектирање Изборен 6 210
5. Безбедност на стратешки енергетски објекти Изборен 6 210

8 СЕМЕСТАР

  Предмет Зад/Изб ЕКТС Оптовареност
6. Безбедност на машини Задолжителен 8 240
7. Инженерска економија Задолжителен 8 240
8. Токсикологија Задолжителен 8 240
9. Академско пишување Изборен 6 210
10. Психологија на бизнис Изборен 6 210
9 СЕМЕСТАР
  Предмет Зад/Изб ЕКТС Оптовареност
1. Проектирање и менаџмент со системи за безбедност при работа Задолжителен 8 240
2. Законска регулатива за безбедност при работа Задолжителен 8 240
3. Менаџмент на одржување Задолжителен 8 240
4. Менаџмент на проекти Изборен 6 210
5. Заштита од дејство на ел. енергија Изборен 6 210
10 СЕМЕСТАР
  Предмет Зад/Изб ЕКТС Оптовареност
6. Стручна пракса Задолжителен 8 240
7. Магистерски труд Задолжителен 8 240
8. Менаџмент на човечки ресурси за безбедост при работа Задолжителен 8 240
9. Методологија и научна теорија Изборен 6 210
10. Организациски менаџмент Изборен 6 210

 


Услови за упис


Право на запишување на втор циклус на студии имаат кандидатите со завршен прв циклус на студии со стекнати 180 ЕКТС (завршени тригодишни студии).
Право на запишување имаат и студенти од други акредитирани факултети и странски државјани (регулирано со закон).
Кандидатите се запишуваат без полагање на приемен испит.


Документи за упис


При пријавувањето за упис на втор циклус на студии кандидатите ги поднесуваат следните документи:

  • Диплома за завршен прв циклус на студии;
  • Уверение за положени испити;
  • Извод од матична книга на родените;
  • Фотокопија од лична карта;
  • 4 мали слики во боја

Документите за пријавување се поднесуваат во просториите на Меѓународниот Славјански Универзитет „Г. Р. Державин” во Свети Николе на ул. „Маршал Тито“ бр. 77 или во Битола на ул. „Новачки пат“ бр. 16.


Школарина


Кандидатите може да направат упис како редовни или вонредни студенти со самофинансирање на студиите во износ од 1730 евра (за една учебна година) во денарска противвредност.

Нудиме можности за плаќање на рати, а при плаќање на целокупниот износ на почетокот на академската година, студентите добиваат попуст од 10%. За студирање на двајца студенти од исто семејство одобруваме дополнителен попуст од 20% за секој член, за тројца или повеќе студенти од исто семејство по 25% за секој член, за студенти на МСУ кои од прв продолжуваат на втор циклус на студии 10%, како и 20% за бранители.


Факултет за безбедносно инженерство | 2017

Уписите на додипломските и последипломските студии на Факултетот за безбедносно инженерство се веќе започнати! ⏰Дали знаевте дека нашиот Факултет за безбедносно инженерство е прв и единствен факултет од ваков вид во Македонија? 🤔Подготвени со широко познавање на технологијата и психологијата на работното место, студентите ќе може да донесуваат одлуки поврзани со безбедноста и со тоа да ја заштитат околината, како и луѓето кои живеат во неа. Ова е Вашата шанса да го промените светот. И Вие сакате да студирате безбедност при работа или пожар? 🤔 Прочитајте повеќе на: http://msu.edu.mk/fakulteti/fbi/za-fakultetot/ 🙂Официјален руски партнерски универзитет. 🇲🇰 🇷🇺

Posted by Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ on Monday, June 26, 2017


CAPTCHA
Please wait...