Безбедност при работа (3+2)

Насока Безбедност при работа (3+2)

Последипломските студии на насоката Безбедност при работа се организирани на следниов начин:

  • Специјалистички (четврта година – до 240 ЕКТС кредити)
    • Безбедност при работа (3+2)
  • Магистерски (петта година – до 300 ЕКТС кредити)
    • Безбедност при работа (3+2)

Под безбедност при работа се подразбира превентивно применување на одредени мерки и прописи што се однесуваат на безбедноста на човековото здравје во работната средина. На овој факултет ќе научите кои се можните опасности по човековото здравје во одредени средини, како се препознаваат и како се елиминираат.

Целта на заштитата при работа е да се создадат сигурни работни услови за спречување на повредите на работното место, професионалните заболувања и несреќите, односно смалување на можните штетни последици доколку опасноста не може да се отстрани комплетно.



Специјалистички (четврта година)


Име на насоката: Безбедност при работа
Факултет: Факултет за безбедносно инженерство
Тип на студии: последипломски (втор циклус)
Локација: во Свети Николе или Битола
Времетраење на студиите: 1 година (два семестри)
Услов за упис: стекнати најмалку 180 ЕКТС кредити
Вкупно предмети: 8
ЕКТС кредити на програмата: 60
ЕКТС по завршувањето: 240
Годишна школарина: 1730 евра


Специјалистичките студии се со времетраење од една година (+60 ЕКТС кредити). Упис на специјалистичките студии можат да направат студенти кои при претходните студии се стекнале со најмалку 180 ЕКТС кредити. По завршувањето на студиите студентите се стекнуваат со 240 ЕКТС кредити и можат да направат упис во петта година (магистерски студии).

 

Факултет за безбедносно инженерство
Безбедност при работа
Специјалистички, до 240 ЕКТС
7 СЕМЕСТАР
ПРЕДМЕТ ЗАД./ИЗБ. ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
1 Безбедносно инженерство Задолжителен 8 240
2 Доверливост и безбедност на системи Задолжителен 8 240
3 Ергономско проектирање Изборен 7 210
4 Моделирање и симулација на ризик Изборен 7 210
5 Безбедност во технолошки системи Изборен 7 210
6 Вентилација на објекти Изборен 7 210
8 СЕМЕСТАР
1 Безбедност на машини Задолжителен 8 240
2 Безбедност на стратешки енергетски објекти Задолжителен 8 240
3 Токсикологија Изборен 7 210
4 Системи за гаснење на пожар Изборен 7 210
5 Заштита од пожари и експлозии Изборен 7 210
6 Инженерска економија Изборен 7 210

 


Магистерски (петта година)


Име на насоката: Безбедност при работа
Факултет: Факултет за безбедносно инженерство
Тип на студии: последипломски (втор циклус)
Локација: во Свети Николе или Битола
Времетраење на студиите: 1 година (два семестри)
Услов за упис: стекнати најмалку 240 ЕКТС кредити
Вкупно предмети: 8
ЕКТС кредити на програмата: 60
ЕКТС по завршувањето: 300
Стручен назив: Магистер по безбедност при работа
Годишна школарина: 1730 евра


Магистерските студии се со времетраење од една година (+60 ЕКТС кредити). Упис на магистерските студии можат да направат студенти кои при студирањето се стекнале со најмалку 240 ЕКТС кредити. По завршувањето на студиите студентите се стекнуваат со 300 ЕКТС кредити и стручен назив магистер по безбедност при работа.

Во рамките на едногодишните студии предвидено е студентот да положи вкупно 8 предмети, односно по 4 во секој семестар.

Од понудени 4 изборни предмети, студентите избираат само 2 – и тоа се бира помеѓу првиот и вториот изборен предмет, односно помеѓу третиот и четвртиот, итн. На пример, се избира само еден предмет – или бр. 3 или бр. 4 (освен ако некаде не е поинаку назначено).

Дополнително, во наставата е вклучена практична настава, изработка на нацрт за магистерски труд и на крај изготвување и одбрана на магистерски труд.

 

Магистерски, 300 ЕКТС
9 СЕМЕСТАР
ПРЕДМЕТ ЗАД./ИЗБ. ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
1 Проектирање и менаџмент со системи за безбедност при работа Задолжителен 8 240
2 Законска регулатива за безбедност при работа Задолжителен 8 240
3 Менаџмент на одржување Изборен 7 210
4 Заштита од дејство на ел. енергија Изборен 7 210
5 Менаџмент на проекти Изборен 7 210
6 Заштита на здравјето Изборен 7 210
10 СЕМЕСТАР
1 Стручна пракса Задолжителен 8 240
2 Магистерски труд Задолжителен 8 240
3 Менаџмент на човечки ресурси за безбедност при работа Изборен 7 210
4 Комфор на работна средина Изборен 7 210
5 Методологија и научна теорија Изборен 7 210
6 Организациски менаџмент Изборен 7 210

 


Услови за упис

Право на запишување на втор циклус на студии имаат кандидатите со завршен прв циклус на студии со стекнати 240 ЕКТС (завршени четиригодишни студии) или 180 ЕКТС (завршени тригодишни студии). Дали кандидатот ќе се запише во четврта или петта година зависи од бројот на дотогаш стекнатите кредити.
Право на запишување имаат и студенти од други акредитирани факултети и странски државјани (регулирано со закон).
Кандидатите се запишуваат без полагање на приемен испит.


Документи за упис

При пријавувањето за упис на втор циклус на студии кандидатите ги поднесуваат следните документи:

  •  Диплома за завршен прв циклус на студии;
  •  Уверение за положени испити;
  •  Извод од матична книга на родените;
  •  Фотокопија од лична карта;
  •  4 мали слики во боја

Документите за пријавување се поднесуваат во просториите на Меѓународниот Славјански Универзитет „Г. Р. Державин” во Свети Николе на ул. „Маршал Тито“ бр. 77 или во Битола на ул. „Новачки пат“ бр. 16.


Школарина

Кандидатите може да направат упис како редовни или вонредни студенти со самофинансирање на студиите во износ од 1530 евра (за една учебна година) во денарска противвредност.

Нудиме можности за плаќање на рати, а при плаќање на целокупниот износ на почетокот на академската година, студентите добиваат попуст од 10%. За студирање на двајца студенти од исто семејство одобруваме дополнителен попуст од 20% за секој член, за тројца или повеќе студенти од исто семејство по 25% за секој член, за студенти на МСУ кои од прв продолжуваат на втор циклус на студии 10%, како и 20% за бранители.


Факултет за безбедносно инженерство | 2017

Уписите на додипломските и последипломските студии на Факултетот за безбедносно инженерство се веќе започнати! ⏰Дали знаевте дека нашиот Факултет за безбедносно инженерство е прв и единствен факултет од ваков вид во Македонија? 🤔Подготвени со широко познавање на технологијата и психологијата на работното место, студентите ќе може да донесуваат одлуки поврзани со безбедноста и со тоа да ја заштитат околината, како и луѓето кои живеат во неа. Ова е Вашата шанса да го промените светот. И Вие сакате да студирате безбедност при работа или пожар? 🤔 Прочитајте повеќе на: http://msu.edu.mk/fakulteti/fbi/za-fakultetot/ 🙂Официјален руски партнерски универзитет. 🇲🇰 🇷🇺

Posted by Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ on Monday, June 26, 2017


CAPTCHA
Please wait...