Последипломски студии

Факултетот за безбедносно инженерство е еден од помладите факултети на МСУ и нуди две насоки на последипломските студии. Од последипломските студии нудиме специјалистички (четврта година – до 240 ЕКТС) и магистерски (петта година – до 300 ЕКТС).

Безбедноста и заштитата при работа, како и заштитата од пожари, се професионални дејности што може да ги обавуваат лица со високо образование од областа на безбедносното инженерство.

Кадрите од оваа област се вклучуваат во градежните проекти уште во фазата на нивното изготвување, нивната изградба и технолошкото опремување. Тие активно се вклучени во сите фази од работниот процес и се грижат за сигурноста, како и за брзото отстранување на евентуалните закани, опасности или последици.

Заштитата при работа е дејност која не е дозволено да им биде препуштена на лица со недоволно образование, нестручност или неискуство. Токму поради тоа студиите по безбедносно инженерство во светот се од големо значење и кај младите луѓе постои голем интерес за продолжување на образованието во оваа област.


Факултет за безбедносно инженерство | 2017

Уписите на додипломските и последипломските студии на Факултетот за безбедносно инженерство се веќе започнати! ⏰Дали знаевте дека нашиот Факултет за безбедносно инженерство е прв и единствен факултет од ваков вид во Македонија? 🤔Подготвени со широко познавање на технологијата и психологијата на работното место, студентите ќе може да донесуваат одлуки поврзани со безбедноста и со тоа да ја заштитат околината, како и луѓето кои живеат во неа. Ова е Вашата шанса да го промените светот. И Вие сакате да студирате безбедност при работа или пожар? 🤔 Прочитајте повеќе на: http://msu.edu.mk/fakulteti/fbi/za-fakultetot/ 🙂Официјален руски партнерски универзитет. 🇲🇰 🇷🇺

Posted by Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ on Monday, June 26, 2017


CAPTCHA
Please wait...