Безбедност при работа (3+2) – стара програма


Студиска програма Безбедност при работа (3+2)
стара програма


Важно: Студиската програма за  Безбедност при работа е променета. Новата програма можете да ја најдете  овде.


Име на студиската програма: Безбедност при работа
Факултет: Факултет за безбедносно инженерство
Тип на студии: додипломски (прв циклус)
Локација: во Свети Николе или Битола
Студентски статус: редовен или вонреден
Времетраење на студиите: 3 години (шест семестри)
Вкупно предмети: 24
Вкупно ЕКТС: 180
Стручен назив: дипломиран инженер по безбедност при работа
Годишна школарина: 1230 евра


Под безбедност при работа се подразбира превентивно применување на одредени мерки и прописи што се однесуваат на безбедноста на човековото здравје во работната средина. На овој факултет ќе научите кои се можните опасности по човековото здравје во одредени средини, како се препознаваат и како се елиминираат.

Целта на заштитата при работа е да се создадат сигурни работни услови за спречување на повредите на работното место, професионалните заболувања и несреќите, односно смалување на можните штетни последици доколку опасноста не може да се отстрани комплетно.



На оваа студиска програма студентите прво се запознаваат со правните основи на безбедноста при работа кои се однесуваат на заштита од општите права на работниците, заштита на права во процесот на работа, а се стекнуваат и со знаење од областа на организација на заштита при работа и управување со заштитата при работа. Исто така, студентите учат за штетните агенси во животната средина кои делуваат на човечкото здравје, механизмите на нивното дејствување и стратегија за порба против невното стетно дејство.

Понатаму, во програмата е предвидено стекнување на знаења околу основните законитости на термодинамичките процеси со цел да се заштити работната и животната средина, усвојување на знаења за процесите на развојот на техничките системи како и техничките системи за заштита на работникот, материјалните добра и безбедноста на работната и животната средина.

Студиите се во траење од три години, а обемот на студии изнесува 180 ЕКТС.

Во рамките на тригодишните студии се опфатени 24 предмети кои студентите треба да ги положат. Во секој семестар има по 2 задолжителни и 4 изборни предмети. Од можните 4 изборни предмети, студентите избираат само 2 – и тоа се бира помеѓу првиот и вториот изборен предмет, односно помеѓу третиот и четвртиот, итн. На пример, се избира само еден предмет – или бр. 3 или бр. 4 (освен ако некаде не е поинаку назначено).

Во подолу дадената табела под Ун. изборен се подразбира универзитетски изборен предмет и за изборот на овие предмети важат истите правила како за стандардните изборни предмети.

По дипломирањето ќе се стекнете со стручен назив дипломиран инженер по безбедност при работа.


Наставна програма • тригодишни студии


Факултет за безбедносно инженерство
Студиска програма Безбедност при работа, 180 ЕКТС
Дипломиран инженер по безбедност при работа
1 СЕМЕСТАР
ПРЕДМЕТ ЗАД./ИЗБ. ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
1 Математика Задолжителен 8 240
2 Хемија Задолжителен 8 240
3 Физичка работа и животна средина Изборен 7 210
4 Правни основи за безбедн. при работа Изборен 7 210
5 Електротехника Изборен 7 210
6 Руски јазик Изборен 7 210
2 СЕМЕСТАР
ПРЕДМЕТ ЗАД./ИЗБ. ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
7 Техничка механика Задолжителен 8 240
8 Термодинамика Задолжителен 8 240
9 Механика на флуиди Изборен 7 210
10 Термопостројки Изборен 7 210
11 Основи на економија Ун. изборен 7 210
12 Основи на информатика Ун. изборен 7 210
3 СЕМЕСТАР
ПРЕДМЕТ ЗАД./ИЗБ. ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
1 Основи на заштитни системи Задолжителен 8 240
2 Процена на безбедн. на работно место Задолжителен 8 240
3 Опасност од електрична енергија Изборен 7 210
4 Менаџмент на природни ресурси Изборен 7 210
5 Енергетика и опкружување Изборен 7 210
6 Постројки и инсталации под притисок Изборен 7 210
4 СЕМЕСТАР
ПРЕДМЕТ ЗАД./ИЗБ. ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
7 Теорија на системи и ризик Задолжителен 8 240
8 Статистика и обработка на податоци Задолжителен 8 240
9 Социјална екологија Изборен 7 210
10 Медицина на трудот Изборен 7 210
11 Основи на менаџмент Ун. изборен 7 210
12 Психологија на бизнис Ун. изборен 7 210
5 СЕМЕСТАР
ПРЕДМЕТ ЗАД./ИЗБ. ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
1 Ризик од опасни материјали Задолжителен 8 240
2 Ризик од механички дејствија Задолжителен 8 240
3 Заштита од бучава и вибрации Изборен 7 210
4 Индикатори за квалит. работна средина Изборен 7 210
5 Англиски јазик Изборен 7 210
6 Индустриска екологија Изборен 7 210
6 СЕМЕСТАР
ПРЕДМЕТ ЗАД./ИЗБ. ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
7 Безбедност на опрема и производи Задолжителен 8 240
8 Заштита при транспорт и складирање Задолжителен 8 240
9 Ергономија на работнo место Изборен 7 210
10 Принципи за зашт. на работа и пожари Изборен 7 210
11 Мониторинг на животна средина Ун. изборен 7 210
12 Менаџмент на професионален ризик Ун. изборен 7 210

 


Услови за упис


Право на запишување на прв циклус на студии имаат кандидатите со завршено четиригодишно средно образование во државата или во странство со положена државна или меѓународна матура.

Право на запишување имаат и студенти од други акредитирани факултети, дипломирани лица и странски државјани (регулирано со закон).

Кандидатите се запишуваат без полагање на приемен испит.


Документи за упис


При пријавувањето за упис на прв циклус на студии кандидатите ги поднесуваат следните документи:

  •   Диплома за положена државна или меѓународна матура;
  •   Свидетелства од сите 4 години;
  •   Копија од извод од матична книга на родените;
  •   Копија од државјанство;
  •   4 мали фотографии во боја;

Документите за пријавување се поднесуваат во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин” во Свети Николе на ул. „Маршал Тито“ бр. 77 и во Битола на ул. „Новачки пат“ бр 16.


Школарина


Кандидатите може да направат упис како редовни или вонредни студенти со самофинансирање на студиите во износ од 1230 евра (за една учебна година) во денарска противвредност.

Нудиме можности за плаќање на рати, а при плаќање на целокупниот износ на почетокот на академската година, студентите добиваат попуст од 10%. За студирање на двајца студенти од исто семејство одобруваме дополнителен попуст од 20% за секој член, за тројца или повеќе студенти од исто семејство по 25% за секој член, како и 20% за бранители.


https://www.facebook.com/slavjanskiuniverzitet/videos/1637998416210898/


CAPTCHA image