Безбедност од пожар (3+2)

Насока Безбедност од пожар (3+2)

Име на насоката: Безбедност од пожар
Факултет: Факултет за безбедносно инженерство
Тип на студии: додипломски (прв циклус)
Локација: во Свети Николе или Битола
Студентски статус: редовен или вонреден
Времетраење на студиите: 3 години (шест семестри)
Вкупно предмети: 24
Вкупно ЕКТС: 180
Стручен назив: дипломиран инженер по безбедност од пожар
Годишна школарина: 1230 евра


Безбедноста од пожар се однесува на заштитата во случај на пожар, инструментите и апаратите за безбедно гаснење, тактиката за интервенции и спасување, а пред се спречување на негово настанување.

Основната цел на програмата за Безбедност од пожар е подготовка на студентите за применување на научни достигнувања во решавање на проблемите поврзани со заштитата од пожар.



Студентите се запознаваат со процесите на производство загрозени од пожар, потенцијалните ризици кои можат да доведат до пожар во процесите на производство и соодветните мерки кои се превземаат со цел за безбедно управување со ризик од појава на пожар во индустријата.

Исто така, се обучуваат за инженерски пресметки на процесот на согорување кои се однесуваат на стехиометриски и термодинамички проблеми, формирање на фронтот на пламенот, неговата брзина и изворите на палење. Предвидени се и предмети кои се однесуваат на пожарите и експлозиите, условите за нивно настанување, класификација, параметри…

Во текот на наставата се изучува како да се развиваат и применуваат инструментите и апаратите за безбедно гаснење, се анализираат ризиците од пожар и експлозии, се посветува внимание на управувањето со системите за заштита од пожари, сè со цел студентот да се стекне со потребните знаења за самостојно вршење на проценки и надзор од областа на безбедноста од пожар.

Студиите се во траење од три години, а обемот на студии изнесува 180 ЕКТС.

Во рамките на тригодишните студии се опфатени 24 предмети кои студентите треба да ги положат. Во секој семестар има по 2 задолжителни и 4 изборни предмети. Од можните 4 изборни предмети, студентите избираат само 2 – и тоа се бира помеѓу првиот и вториот изборен предмет, односно помеѓу третиот и четвртиот, итн. На пример, се избира само еден предмет – или бр. 3 или бр. 4 (освен ако некаде не е поинаку назначено).

Во подолу дадената табела под Ун. изборен се подразбира универзитетски изборен предмет и за изборот на овие предмети важат истите правила како за стандардните изборни предмети.

По дипломирањето ќе се стекнете со стручен назив дипломиран инженер по безбедност од пожар.


Наставна програма • тригодишни студии


 

Факултет за безбедносно инженерство
Насока Безбедност од пожар, 180 ЕКТС
Дипломиран инженер по безбедност од пожар
1 СЕМЕСТАР
ПРЕДМЕТ ЗАД./ИЗБ. ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
1 Математика Задолжителен 8 240
2 Хемија Задолжителен 8 240
3 Хемиска работа и животна средина Изборен 7 210
4 Правни основи за безбедн. при работа Изборен 7 210
5 Електротехника Изборен 7 210
6 Руски јазик Изборен 7 210
2 СЕМЕСТАР
ПРЕДМЕТ ЗАД./ИЗБ. ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
7 Техничка механика Задолжителен 8 240
8 Термодинамика Задолжителен 8 240
9 Механика на флуиди Изборен 7 210
10 Основи на теорија на процесот горење Изборен 7 210
11 Основи на економија Ун. изборен 7 210
12 Основи на информатика Ун. изборен 7 210
3 СЕМЕСТАР
ПРЕДМЕТ ЗАД./ИЗБ. ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
1 Технички материјали Задолжителен 8 240
2 Технички системи и заштита Задолжителен 8 240
3 Управување со пожарни ризици Изборен 7 210
4 Пожари и експлозии Изборен 7 210
5 Животна средина и здравје Изборен 7 210
6 Цивилна заштита Изборен 7 210
4 СЕМЕСТАР
ПРЕДМЕТ ЗАД./ИЗБ. ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
7 Безбедност и вонредни ситуации Задолжителен 8 240
8 Статистика и обработка на податоци Задолжителен 8 240
9 Системи за детекција на пожари Изборен 7 210
10 Заштита од дејство на ел.енергија Изборен 7 210
11 Основи на менаџмент Ун. изборен 7 210
12 Психологија на бизнис Ун. изборен 7 210
5 СЕМЕСТАР
ПРЕДМЕТ ЗАД./ИЗБ. ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
1 Тактика за интервенции и спасување Задолжителен 8 240
2 Мобилна опрема за гаснење пожари Задолжителен 8 240
3 Екотоксикологија Изборен 7 210
4 Индикатори за квалит. работна средина Изборен 7 210
5 Англиски јазик Изборен 7 210
6 Индустриска екологија Изборен 7 210
6 СЕМЕСТАР
ПРЕДМЕТ ЗАД./ИЗБ. ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
7 Опрема за интервенција и спасување Задолжителен 8 240
8 Средства за гаснење на пожар Задолжителен 8 240
9 Заштита при транспорт и складирање Изборен 7 210
10 Принципи за зашт. на работа и пожари Изборен 7 210
11 Менаџмент на професионален ризик Ун. изборен 7 210
12 Теорија и организација на заштита Ун. изборен 7 210

 


Услови за упис

Право на запишување на прв циклус на студии имаат кандидатите со завршено четиригодишно средно образование во државата или во странство со положена државна, училишна или меѓународна матура.

Право на запишување имаат и студенти од други акредитирани факултети, дипломирани лица и странски државјани (регулирано со закон).

Кандидатите се запишуваат без полагање на приемен испит.


Документи за упис

При пријавувањето за упис на прв циклус на студии кандидатите ги поднесуваат следните документи:

  •   Диплома за положена државна, училишна или меѓународна матура;
  •   Свидетелства од сите 4 години;
  •   Копија од извод од матична книга на родените;
  •   Копија од државјанство;
  •   4 мали фотографии во боја;

Документите за пријавување се поднесуваат во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин” во Свети Николе на ул. „Маршал Тито“ бр. 77 и во Битола на ул. „Новачки пат“ бр 16.


Школарина

Кандидатите може да направат упис како редовни или вонредни студенти со самофинансирање на студиите во износ од 1030 евра (за една учебна година) во денарска противвредност.

Нудиме можности за плаќање на рати, а при плаќање на целокупниот износ на почетокот на академската година, студентите добиваат попуст од 10%. За студирање на двајца студенти од исто семејство одобруваме дополнителен попуст од 20% за секој член, за тројца или повеќе студенти од исто семејство по 25% за секој член, како и 20% за бранители.


Факултет за безбедносно инженерство | 2017

Уписите на додипломските и последипломските студии на Факултетот за безбедносно инженерство се веќе започнати! ⏰Дали знаевте дека нашиот Факултет за безбедносно инженерство е прв и единствен факултет од ваков вид во Македонија? 🤔Подготвени со широко познавање на технологијата и психологијата на работното место, студентите ќе може да донесуваат одлуки поврзани со безбедноста и со тоа да ја заштитат околината, како и луѓето кои живеат во неа. Ова е Вашата шанса да го промените светот. И Вие сакате да студирате безбедност при работа или пожар? 🤔 Прочитајте повеќе на: http://msu.edu.mk/fakulteti/fbi/za-fakultetot/ 🙂Официјален руски партнерски универзитет. 🇲🇰 🇷🇺

Posted by Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ on Monday, June 26, 2017


CAPTCHA
Please wait...