проф. д-р Цветанка Митревска, декан

Почитувани студенти,

Факултетот за безбедносно инженерство припаѓа во групата на најугледни и најпрестижни институции во областа на безбедност при работа. Денес тој е современа научно-образовна институција, со јасно дефинирана мисија, визија, цели и програмски определувања.

Познато е дека научниците прашуваат „зошто?”, а инженерите прашуваат „зошто да не?”. Во реалноста, науката и инженерингот се поврзани, особено во областа на безбедносното инженерство.

Факултетот ќе овозможи едукација на стручни лица за безбедност и здравје при работа, со цел поефикасно и поуспешно имплементирање на европското законодавство, нормите и стандардите на Европската унија, Меѓународната организација нa трудот и

Светската здравствена организација во областа на безбедноста и здравјето на работниците при работа.

Студентите на Факултетот за безбедносно инженерство ќе стекнат знаења и вештини, кои ќе ги применат на различни полиња и области во безбедноста при работа.

Мисијата на факултетот како образовна научна организација, е максимално и постојано иновирање на наставната содржина, примена на современите методи и техники на едукација низ истражувачките процеси, да образува млади и квалитетни стручњаци во областа за безбедност при работа, способни да бидат лидери во развојот на заштитата на опремата и луѓето.

Образованието на Факултетот за безбедносно инженерство опфаќа голем спектар на развој на модерна и современа технологија, во склад со Европските трендови за техничка безбедност.

Улогата на Факултетот за безбедносно инженерство е да осмисли, испита и развие иновации во областа на безбедноста при работа.

Визијата на Факултетот е да се развие во модерна европска академска институција, призната по научните и научно-истражувачките достигнувања, како дел од интегрираното Европско високообразование и истражување, формирана од страна на меѓународно признати експерти.

Целта на Факултетот е да оспособи лидери, кои ќе обезбедат напредок во безбедноста на опремата и работниците во претпријатијата и институциите, во согласност со Европските директиви за безбедност при работа.


CAPTCHA image