Славјански во иднина

Целта кон која се движиме е подобрување на општеството преку континуирани иновации во образованието, истражувањата, претприемништвото и креативноста.

Уникатно искуство за подобра иднина

Сакаме да креираме уникатно образовно искуство за сите наши студенти кое се фокусира не само на развивање и унапредување на нивните професионални вештини, туку и на нивната способност за решавање на проблеми, лидерство, комуникација.

Слободна размена на идеи

Во иднина продолжуваме да креираме средина која ќе инспирира размена и разбирање на нови идеи, каде истражувањата, иновациите и креативноста би можеле слободно да се развиваат и надоградуваат и каде поединците го достигнуваат својот маскимален потенцијал.

Заедно е подобро

Продлабочување на нашите партнерства со постоечките, но и отворање заеднички полиња за соработка со нови организации е уште една работа за која ветуваме да се залагаме повеќе. Зајакнувањето на локалните партнерства ќе значат взаемна поддршка и споделување на стекнатите знаења, додека меѓународните партнерства ќе ни помогнат да се запознаеме и да ги разбереме за другите култури, традиции, обичаи.

Нашите цели се зацртани, стратегијата веќе успешно се имплементира, а и патот кон успехот веќе е јасно дефиниран. Во процесот на имплементирање на стратегијата предлозите и идеите од нашите студенти се земени во предвид.

Ви благодариме што сте дел од Славјански!