Симболи на универзитетот

Лого

logo Slavjanski (Small)Логото на МСУ е со тркалезна форма. Централно е поставен портрет од Г. Р. Державин, а кон надворешните рабови е испишано името на универзитетот. На долниот дел од логото стои отворена книга, како симбол на знаењето и образованието.
Логото на универзитетот се употребува на издадените дипломи, сертификати, меморандумите итн. Златна верзија од логото се употребуваше за 10-годишниот јубилеј. Истата верзија се употребува и за плакетата „Державин“ која ја се врачува на лица кои дале значителен придонес во развојот на универзитетот.
 

Студентска химна

Химната на универзитетот е напишана од Лазар Цветковски, а изведувачи се познатите македонски пејачи Димитар Андоновски и Дарко Илиевски, кои се наши студенти.

Химната се изведува на свечености организирани од универзитетот како доделување дипломи и врачување индекси, на промоции, културни настани итн. Се користи и во промотивните видеа за универзитетот, како и за секој факултет посебно.

Слогани

  • Живеј ја својата визија (2015)
  • Студирајте на Славјански денес за да го освоите светот утре (2016)
Borjan Jovanoski