Славјански низ годините

Нашите досегашни остварувањата го прават Меѓународниот Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“ втор дом на многу студенти од Македонија, Бугарија, Србија, Русија. Нашиот универзитет е основан меѓу првите приватни универзитети во Република Македонија и веќе дванаесет години им помага на талентираните млади луѓе да ја живеат својата визија.

На почетокот

Приватната високообразовна установа Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“ – Свети Николе е акредитирана високообразовна установа која започна со работа во 2004 година во Св. Николе. Од 2006-тата година започна со работа и нашиот кампус во Битола.

Нашиот прв факултет беше Факултетот за економија и организација на претприемништвото со насока Менаџмент на организација. Дали сте знаеле дека токму ова е нашата најпопуларна насока?

12-годишен развој

Нашиот универзитет стратегиски се развиваше преку зголемување на бројот на факултетите и насоките. Почнувајќи од 2004-та година, досега имаме акредитирано 5 факултети со над 20 насоки на додипломски и последипломски студии.

Низ годините растеше и нашиот просторен капацитет, па така денес за одржување на наставата на нашите студенти им се ставени на располагање простории од над 6500 m2 во Свети Николе и Битола, а дополнителни 2000 m се во фаза на изградба.

Во рамките на овие простории, постепено се градеа современо опремени конференциски сали, амфитеатар, предавални, простории за практична работа, лаборатории, работилници, простории за вежби, комплетно опремена библиотека со читална, ресторан, студентско бифе, книжарници итн.

Дејствуваме заедно

Создадениот имиџ на универзитетот овозможи потпишување повеќе договори за соработка со бројни компании вклучени во бизнисот во Македонија, но и надвор, каде на нашите студенти им се пружа можност за усовршување на своите работни вештини и професионално вклучување во бизнисот.

Размислуваме глобално

Потпишани се договори и за наставна, научна и истражувачка работа со многу универзитети од различни земји. Наш стратешки партнер е Тамбовскиот државен универзитет од градот Тамбов, Русија, со кого го носиме и истото име – „Гаврило Романович Державин“.

Низ годините нашите меѓународни врски ги продлабочувавме преку реализацијата на бројни проекти, студентски размени, конференции.