Часто задаваемые вопросы

Општи информации за Славјански

Каде се наоѓа универзитетот?

Универзитетот има свои кампуси во Свети Николе и Битола.

Дали можам да го посетам универзитетот пред да се запишам?

Секако, нашето работно време е од 08:00 до 15:00 часот од понеделник до петок и од 09:00 до 14:00 во сабота.

Доколку сакате да поразговарате со некој од нашите професори за да Ви даде совет околу Вашиот избор на кариера, Ве молиме контактирајте нè претходно со цел да ја испланираме подобро Вашата посета.

Исто така имајте во предвид дека секоја година во март и април имаме отворени денови со организиран превоз за матурантите од повеќе делови на Македонија. Следете нè за да бидете секогаш во тек со нашите настани.

Кои факултети и смерови ги нудите?

Додипломски студии 

  1.  Факултет за економија и организација на претприемништвото
    • Менаџмент на организација (4+1)
    • Финансии и кредит (4+1)
  2.  Факултет за психологија
    • Општа психологија (4+1)
  3.  Факултет за информатика
    • Софтверски технологии (3+2)
    • Компјутерски системи и мрежи (3+2)
  4. Факултет за безбедносно инженерство
    • Безбедност при работа  (3+2)
    • Безбедност од пожар  (3+2)
  5.  Факултет за правни науки
    • Правни студии (3+2)

Последипломски студии 

  1.  Факултет за економија и организација на претприемништвото
    • Маркетинг менаџмент (4+1)
    • Менаџмент со човечки ресурси во мали и средни претпријатија (4+1)
  2.  Факултет за психологија
    • Клиничка и советодавна психологија (3+2) и (4+1)
    • Психологија во социјалната заштита (3+2) и (4+1)
  3. Факултет за безбедносно инженерство
    • Безбедност при работа  (3+2)
    • Безбедност од пожар  (3+2)
Колкави се трошоците на студенти кои живеат во Свети Николе или Битола?

Трошоците зависат од типот на сместување кој ќе го одберете и од Вашиот личен стил на живот. Универзитетот не нуди сместување во сопствен студентски дом, па студентите неретко изнајмуваат станови или патуваат за предавањата. Цените за сместувањето и за храната се ниски, па така студентите немаат големи финансиски трошоци.

Колкави се трошоците на студентите кои патуваат секојдневно за предавањата?

Предавањата се прилагодени и за студентите кои патуваат. Зависно од факултетот на кој студентот е запишан, предавањата се одржуваат 2 до 3 дена во текот на една седмица. Студентите често заеднички се организираат и доаѓаат со приватни автомобили, автобус, такси итн.

Упис на Славјански

Кои документи се потребни при упис на додипломски студии ?

При уписот на додипломски студии, кандидатите ги поднесуваат следните документи:

• Диплома за завршено средно образование;
• Свидетелства од сите 4 години;
• Извод од матична книга на родените;
• Копија од Државјанство
• 4 мали фотографии во боја;

Кои документи се потребни при упис на последипломски студии?

При уписот на додипломски студии, кандидатите ги поднесуваат следните документи:

• Диплома за завршено високо образование;
• Уверение за положени испити;
• Извод од матична книга на родените;
• Копија од Државјанство;
• Копија од лична карта
• 4 мали фотографии во боја;

До кога може да се запишам на факултет?

Пријавувањето и доставувањето на документи за упис се врши во периодот од 01.04.2016 до 15.09.2016 година за додипломски студии и од 01.04.2016 до 30.10.2016 година за последипломски. 

Дали може да се направи упис на МСУ со положена училишна матура?

Доколку не се пополнети квотите за упис на МСУ во првиот уписен рок, според законите во Р.М. во вториот уписен рок може да се запишуваат и студенти со положена училишна матура.

Колку чини годишната партиципација за студирање?

Годишната партиципација за студирање на сите Факултети изнесува 1030 евра за додипломски студии и 1530 евра за последипломски студии, освен за Факултетот за безбедносно инженерство, каде партиципацијата изнесува 1230 евра за додипломски студии и 1730 евра за последипломски студии. При плаќање на сумата во готово, студентите добиваат попуст од 10%, а за двајца или повеќе членови од исто семејство одобруваме попуст 0д 20%. Во оваа сума се опфатени сите трошоци за студирање.

Што сè е вклучено во годишната партиципација за студирање?

Годишната партиципација ги покрива сите трошоци за студирање, и вклучува:

• Индекс
• Заверка на семестар
• Пријавување на испит
• Полагање на испити во поправна сесија
• Поништување на испит
• Пријавување на проектни активности (семинарски, есеи…)
• Потврди од секаков вид
• Сметка на Е-учење (бесплатни материјали и скрипти за предметите)
• Членство во универзитетската библиотека
• Студентска пракса
• Документација за работа во странство како студент
• Животно осигурување
• Членство во Студентски Сојуз на Славјански Универзитет

Дали можам да се запишам со стипендија?

МСУ секоја година објавува конкурс за целосно и делумно стипендирање на најталентираните матуранти. Конкурсот за стипендирање за академската 2017/2018 ќе биде објавен во октомври 2016 година.

Моделот на тестирање е различен секоја година и ќе биде објавен во конкурсот за стипендирање. За нови информации следете нè на Facebook и на нашата веб страница.

Трансфер од други факултети

Кој може да направи трансфер од друг факултет?

Право на трансфер имаат сите студенти од други факултети од Република Македонија и странство.

Дали се признаваат испити положени на друг факултет (универзитет), доколку студентот прави трансфер на МСУ?

Доколку положените испити се совпаѓаат со студиската програма на нашиот факултет на кој сакате да направите трансфер тогаш положените испити се признаваат во целост.

Како ќе знам во која година можам да се запишам?

Годината во која ќе се запишете зависи од бројот на испити што ги имате положено и од програмата по која претходно сте студирале.

Според бројот на положените испити кои се совпаѓаат со нашата програма, деканот на факултетот ќе одлучи во која година може студентот да биде запишан.

За деканот да може да донесе Одлука, студентот мора да достави Уверение за положени испити од претходниот факултет до нашите служби за студентски прашања.

Што доколку некои предмети се разликуваат?

Студентот доколку се запише, на пример, во трета година – тогаш тој почнува да ги следи предавањата од таа година.

Но, доколку програмата по која тој претходно учел не е сосема компатибилна со нашата и му останале предмети од прва или втора година по нашата програма, студентот мора да ги дополага во една од сесиите. За полагање испити од претходните студиски години се плаќа по 1000 денари од предмет.

Партнерство со Русија

Дали МСУ е руски универзитет?

Меѓународниот Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“ е официјален руски партнерски универзитет со Тамбовскиот државен универзитет „Г. Р. Державин“ од градот Тамбов, Русија.

Дали дипломите од МСУ се руски?

Дипломите издадени од МСУ се македонски. Но, ние нудиме и програми за двојни дипломи за нашите студенти од факулетите за економија и психологија. Така, покрај македонската, тие имаат шанса да се стекнат и со руска диплома.

Кои се условите за стекнување со двојни дипломи?

За да се стекнете со двојна диплома потребно е да ги положите сите испити по македонската програма, како и дополнителни испити од руската програма. Доколку сакате да добиете и руска диплома, потребно е при уписот на годината да ги известите нашите службеници, со цел да Ви бидат изготвени потребните документи. За студирање за двојна диплома покрај редовната партиципација, се доплаќа уште 500 евра на годишно ниво.

Доколку имате дополнителни прашања околу условите за студирање и стекнување со двојна диплома, Ве молиме да ги контактирате нашите служби за студентски прашања во Битола: +389 47 238 077 или Св. Николе: +389 32 440 202.

Дали дипломите добиени на МСУ се признаени во странство?

Дипломата со која се стекнувате по дипломирањето на некој од Факултетите на МСУ е признаенa во сите земји во кои е застапен Европскиот кредит трансфер систем (ЕКТС) на студирање. Многу наши колеги со дипломите од МСУ работат во Германија, Австрија, Велика Британија, Шведска, Норвешка,  САД, Нов Зеланд, Австралија…

Студирање на Славјански

Како да се „преживее“ првиот семестар?

Семестарот е дел од академската година кога се одржува наставата. Академската година е поделена на два семестри: прв семестар (септември – декември) и втор семестар (февруари – мај).

Како се организирани предавањата?

Студентите од секоја насока вообичаено имаат предавања 2 до 3 дена во текот на една седмица, што е практично и за оние студенти кои патуваат.

Предавањата се одржуваат по следната шема:

Прв семестар
шест седмици предавања (средина на септември до крај на октомври)
една подготвителна седмица за колоквиум
една колоквиумска седмица (почеток на ноември)
шест седмици предавања (средина на ноември до средина на декември)
една подготвителна седмица за колоквиум
една колоквиумска недела (крај на декември)

Втор семестар
шест седмици предавања (средина на февруари до средина на март)
една подготвителна седмица за колоквиум
една колоквиумска седмица (крај на март)
шест седмици предавања (почеток на април до средина на мај)
една подготвителна седмица за колоквиум
една колоквиумска седмица (крај на мај)

Кога ќе биде објавен распоредот за предавањата?

Распоредот за предавањата се објавува една седмица пред почетокот на семестарот и е достапен за студентите преку Е-индексот.

Како се полагаат колоквиумите?

За полагање на колоквиуми студентот треба да биде запишан како редовен. Вонредните студенти не се обврзани да посетуваат настава и немаат право да полагаат на колоквиуми – тие полагаат само испити по сите предмети. Колоквиумите се тестови на знаење кои се спроведуваат два пати во текот на еден семестар:

прв колоквиум – на средината од семестарот, односно после изминати 6 седмици предавања
втор колоквиум – на крајот од семестарот, односно после изминати 6 нови седмици предавања

За да се полага вториот колоквиум задолжително е да биде положен првиот. Студентите кои не положиле еден, односно два од колоквиумите полагаат испит во испитните сесии.

Со полагање на двата колоквиуми студентите не се обврзани да полагаат писмен испит.

Термините за колоквиумите се објавуваат во Календарот на настани на Е-индекс.

Од кои материјали да учам?

Поголемиот дел од литературата за факултетите, како и презентациите од предавањата се достапни на нашиот систем за Е-учење и се бесплатни. Литературата која не е достапна онлајн може да се набави во книжарницата при универзитетот.

Универзитетот исто така има и сопствена библиотека каде се достапни наслови кои се поврзани со наставата. Изнајмувањето на книга од библиотеката е бесплатно и на студентите им е потребен само индекс за да можат да земат книга.

Кога се испитите и како се пријавуваат?

Во текот на една академска година има 4 испитни сеси од кои две се редовни, а две вонредни.

Првата редовна испитна сесија е во јануари и се полагаат испитите по предметите слушани во првиот семестар. Доколку студентот не ги положи сите испити во јануари, истите може да се полагаат во Априлската (вонредна) сесија. За полагање во вонредна сесија не се плаќаат казни.

Втората редовна испитна сесија се одржува во јуни и се полагаат испитите од вториот семестар. Доколку студентот не ги положи испитите во јуни, може да ги полага во Септемвриската (вонредна) сесија – исто така без плаќање на казни. Во овие сесии можат да се полагаат и испити од првиот семестар.

Пред сесијата, без разлика дали студентот претходно ги има положено двата колоквиуми, испитите треба да се пријават електронски (Е-индекс). Резултатите од испитите ќе пристигнат на корисничката сметка на студентот веднаш штом професорот ги објави.

Кога ќе бидат објавени термините за испитите?

Точните термини за испитите се објавуваат една седмица пред почетокот на испитната сесија и ќе бидат достапни за студентите преку Е-индекс.

Дали студентите при Факултетите на МСУ имаат практична настава?

Сите студенти на МСУ имаат редовна практична настава во текот на студирањето, која е организирана во соработка со многу институции и компании во Македонија.

Во текот на летото студентите имаат самостојна практична работа и избираат фирма, односно институција каде ќе ја вршат истата. Можат да изберат некоја од институциите со кои универзитетот има договор или пак институција по нивни избор.

Самата практична настава е бесплатна, а како единствен трошок се јавува купувањето на Дневник за пракса (еднаш годишно) кој чини 100 денари.

Ми треба помош од професор...

Не двоуми се да побараш помош од професор во секое време. Професорите на МСУ се флексибилни и секогаш достапни, а уште од првиот ден на упис имаш пристап до листа на нивни контакт телефони и е-маил адреси.

Како се формира оцена и од што зависи?

Оцената се формира врз основа на освоените поени во текот на семестарот. Бројот на поени не е секаде ист и варира од факултет до факултет, но во повеќето случаи  ова е бројот на поени:

    прв колоквиум (до 35 поени)
+ втор колоквиум (до 35 поени)
+ семинарска работа (до 10 поени)
+ редовност на настава (до 10 поени)
+ активности (до 10 поени)
__________________________________
Максимум поени = 100

Подолу се дадени оценките кои се добиваат врз основа на бројот на поени:
оцена 6: 51-60 поени
оцена 7: 61-70 поени
оцена 8: 71-80 поени
оцена 9: 81-90 поени
оцена 10: 91-100 поени