Велигденски натпревар во кршење со ноеви јајца

На Славјански премиерно беше прикажана претставата „Европејци“
7 април 2017
Отворен ден на Славјански во Битола
19 април 2017

Во Свети Николе имаме необична и уникатна традиција за празнување на Велигден.

Секоја година на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ се одржува велигденски натпревар во кршење со ноеви јајца.

На овој осми по ред натпревар учество зедоа натпреварувачи од Свети Николе и децата на вработените во Амбасадата на Руската Федерација во Р. Македонија.

Во опуштена и пред се весела атмосфера, учесниците ги одмеруваа совладаните техники како да се скрши јајцето на противникот. Победник на овој традиционален натпревар е Елизавета Бабкина од Амбасадата на Руската Федерација во Р. Македонија, која со нејзиното ноево јајце кое тежи повеќе од еден килограм, ги победи останатите натпреварувачи.

Ноевите јајца се варат најмалку 2 часа и заменуваат над 20 кокошкини јајца.