Служба за студентски прашања

Студентите ја оценија оваа служба како мошне мотивирачка поради изразените комуникациски вештини и професионалниот однос кон работата, како и принципиелноста, доследноста, срдечноста и демократскиот однос во конкретното навремено извршување на сите барања и потреби на студентите.

Службата за студентски прашања ќе биде службата со која ќе имате најмногу контакти за време на студирањето и затоа ние како универзитет посветуваме најголемо внимание токму на оваа служба. Љубезноста и комуникациските вештини се главните карактеристики кои ги бараме кај нашите службеници, за студентите да можат да се чувствуваат пријатно за време на студиите.

Работното време на Службата за студентски прашања е во координација со работното време на универзитетот, односно од понеделник до петок од 08:00 до 15:00 и сабота од 09:00 до 14:00.

Основната дејност на Службата за студентски прашања е да понуди висококвалитетен студентски сервис за тековните студенти на прв и втор циклус на студии, да кореспондира со тековните, потенцијалните и веќе дипломираните студенти, да излегува во пресрет на барањата на студентите, да помага и сугерира во координацијата на распоредите на факултетите, да ги информира навремено студентите за какви било корисни информации во врска со нивното студирање, да ги води матичните и главните книги и да ги води и чува досиејата на студентите на прв и втор циклус на студии.