Институт за култура и уметност

Претежна дејност на Институтот за култура и уметност и неговата основна функција е научно-истражувачката и едукативната дејност, дејностите од областа на културата и уметноста, издавачката дејност, како и афирмација на творечките вредности создавани во во наставно-научниот процес на Меѓународниот Славјански Универзитет.

Институтот настојува да ги обавува и афирмира дејностите од областа на уметничкото творештво преку ангажирање на самостојни уметници, писатели, музичари, режисери, продуценти, актери и други автори и изведувачи од културата и уметничкото творештво.

Институтот за култура и уметност преку своите програмски определби се ангажира за развој и афирмација на креативните, уметничките дејности, како што се продукција и промоција на уметнички дела и изложби, афирмација на дејности во изведувачката уметност како театарски претстави, концерти и други сценски изведби, културни манифестации, заштита на културното наследство и библиотекарството.

Институтот е и организатор на сите настани на МСУ кои се поврзани со културата и уметноста – прославата на рускиот празник Масленица со руски ансамбли, копродукцијата на театарски претстави заедно со ГАТ „Сцена 71“, настапи на истакнати македонски музичари во просториите на универзитетот итн.