Информатички центар

Центарот за информатичка технологија (или само Информатички центар) е сервис кој ги опслужува сите административни служби и функционира со свои одделенија на кампусите во Свети Николе и Битола.

Центарот помага во изработката за извештаи, се грижи за ажурирање на веб страната, ги одржува Е-учење и Е-индекс, дава сугестии и конкретни стручни насоки на студентите во пристапот на ефикасноста кон Е-учење, како и во изработката на дополнителните активности на студентите (семинарски, дипломски, презентации и сл).

Информатичкиот центар се грижи и за имиџот на универзитетот на социјалните мрежи, креирање на нови содржини и изработка на фотографии и видеа за истите.

Студентите ја оценија оваа служба со мошне високи поени, пред се поради професионалноста на вработените и нивната секојдневна комуникација со студентите.