Центар за меѓународни односи

Нашиот Центар за меѓународни односи е посветен на продлабочување на соработката на универзитетот со нашите партнери од другите земји, како и создавање нови партнерства.

Секоја година Центарот за меѓународни односи испраќа околу 30 студенти на студентски размени во Русија, Бугарија и Србија и е домаќин на студенти од Русија секој април.

Центарот се грижи и за организација на меѓународните конференции, прием на гостите од странство и нивно запознавање со Македонија.