Библиотека

Библиотеките се составен дел на кампусите во Свети Николе и Битола и нудат учебници, разни прирачници, разговорници, енциклопедии  и стручна литература на македонски, српски, хрватски, руски, бугарски и англиски јазик.

Стручната литературата опфаќа различни области:

  • економија
  • бизнис
  • менаџмент
  • психологија
  • правно-политички науки
  • хуманистички науки
  • технички науки
  • компјутерски науки

Библиотеките располагаат и со читална, каде студентите можат непречено да читаат, истражуваат, работат на проекти. Нашата универзитетска библиотека нуди бесплатно членство за сите студенти, како и бесплатно изнајмување на книги.

Вкупниот библиотечен фонд на стручни книги и списанија во библиотеките изнесува над 10 000 наслови. Дополнително, нудиме и литература за деца, лектири, книги за млади и возрасни.

Фондот на книги постојано се надополнува со нови книги од сите македонски издавачи.

Во рамки на наведениот книжен фонд влегуваат и сите изданија (учебници, прирачници и др.) кои ги имаат издадено МСУ и МСЦП (Меѓународен центар за славјанска просвета, официјалната издавачка куќа на универзитетот). Станува збор за стручна литература, подготвена од автори од Македонија, Бугарија, Русија итн.

Доколку сте еден од студентите кои сакаат дополнително да истражуваат за одредена област или предмет, тогаш Библиотеката ќе биде Вашето омилено место за време на студирањето!