Универзитетски центри

Центар за кариера

Центарот за кариера на универзитетот е на располагање постојано за сите прашања на студентите.

Центар за меѓународни односи

Секоја година Центарот за меѓународни односи испраќа околу 30 студенти на студентски размени во Русија, Бугарија и Србија и е домаќин на студенти од Русија секој април.

Служба за студентски прашања

Студентите ја оценија оваа служба како мошне мотивирачка поради изразените комуникациски вештини и професионалниот однос кон работата.

Информатички центар

Информатичкиот центар се грижи и за имиџот на универзитетот на социјалните мрежи, креирање на нови содржини и изработка на фотографии и видеа за истите.

Институт за инженерска економија

Главната задача на Институтот за инженерска економија е да поттикне професионален напредок и иновации во општеството.

Институт за култура и уметност

Претежна дејност на Институтот за култура и уметност и неговата основна функција е научно-истражувачката и едукативната дејност.

Дополнителни услуги и центри

Издавачка куќа и книжарница

Меѓународен центар за славјанска просвета е името на официјалната издавачка куќа на МСУ.

Студентско радио

Доколку еден ден сакате да градите новинарска кариера или пак сакате да видите како изгледа „од другата страна на звучникот“, добредојдени сте во нашето радио!.

Биро за безбедност и здравје при работа

Нашиот тим има за цел на стручен и професионален начин да им помогне на работодавачите во спроведувањето на Законот за безбедност и здравје при работа.

Ресторан

Ресторанот функционира во склоп на Меѓународниот славјански универзитет од 2007-ма година.