Право на запишување на втор циклус на студии имаат кандидатите со завршен прв циклус на студии со добиени 240 ЕКТС (четиригодишни студии) или 180 ЕКТС (тригодишни студии). Дали кандидатот ќе се запише во четврта или петта година зависи од бројот на дотогаш стекнатите кредити.

Кандидатите се запишуваат со самофинансирање на студиите. При плаќање на школарината во готово студентите добиваат попуст од 10%.

Се определува школарина за следниве факултети:

  • Факултет за економија и организација на претприемништво за 2 циклус последипломски студии за насока: Маркетинг менаџмент во износ од 1000 евра во денарска противвредност годишно,
  • Факултет за економија и организација на претприемништво за 2 циклус последипломски студии за насока: Менаџмент на човечки ресурси во мали и средни претпријатија во износ од 1000 евра во денарска противвредност годишно,
  • Факултет за безбедносно инженерство за 2 циклус последипломски студии за насока: Безбедност при работа (7 и 8 семестар) во износ од 700 евра во денарска противвредност годишно,
  • Факултет за безбедносно инженерство за 2 циклус последипломски студии за насока: Безбедност при работа (9 и 10 семестар) во износ од 1200 евра во денарска противвредност годишно,
  • Факултет за информатика за 2 циклус последипломски студии за насока: Компјутерски системи и мрежи (7 и 8 семестар) во износ од 500 евра во денарска противвредност годишно,
  • Факултет за информатика за 2 циклус последипломски студии за насока: Софтверски технологии (7 и 8 семестар) во износ од 500 евра во денарска противвредност годишно,
  • Факултет за информатика за 2 циклус последипломски студии за насока: Компјутерски системи и мрежи (9 и 10 семестар) во износ од 1000 евра во денарска противвредност годишно,
  • Факултет за информатика за 2 циклус последипломски студии за насока: Софтверски технологии (9 и 10 семестар) во износ од 1000 евра во денарска противвредност годишно,
  • Факултет за психологија за 2 циклус последипломски студии за насока: Клиничка и советодавна психологија во износ од 1000 евра во денарска противвредност годишно,
  • Факултет за психологија за 2 циклус последипломски студии за насока: Психологија во социјална заштита во износ од 1000 евра во денарска противвредност годишно,
  • Факултет за правни науки за 2 циклус последипломски студии за насока: Казнено право (9 и 10 семестар) во износ од 1000 евра во денарска противвредност годишно,
  • Факултет за правни науки за 2 циклус последипломски студии за насока: Граѓанско право (9 и 10 семестар) во износ од 1000 евра во денарска противвредност годишно,
  • Факултет за правни науки за 2 циклус последипломски студии за насока: Меѓународно право, право на ЕУ и дипломатија (9 и 10 семестар) во износ од 1000 евра во денарска противвредност годишно,
  • Факултет за правни науки за 2 циклус последипломски студии за насока: Финансии и деловно право (9 и 10 семестар) во износ од 1000 евра во денарска противвредност годишно,
  • Факултет за правни науки за 2 циклус последипломски студии за насока: Административно право и јавна администрација (9 и 10 семестар) во износ од 1000 евра во денарска противвредност годишно.

Износот на школарината за запишување на странски студенти со странска високообразовна диплома изнесува двојно од износите предвидени за домашните студенти.