Трансфер на студенти

Меѓународниот Славјански Универзитет овозможува трансфер на студенти од други универзитети на МСУ. Исто така, дозволено е и трансфер помеѓу самите факултети на МСУ.

Конкурсот за трансфер се објавува двапати годишно:

  • пред почеток на зимски семестар
  • пред почеток на летен семестар

Право на трансфер имаат сите студенти од други факултети од Република Северна Македонија и странство. Кандидатите се запишуваат без полагање на приемен испит.


Како изгледа трансферот?


Пред трансферот треба да доставите Уверение за положени испити од претходниот факултет. Потоа, деканот ќе го разгледа уверението и ќе бидете информирани колку од испитите кои сте ги положиле на претходниот факултет може да Ви бидат признаени.

Зависно од бројот на испити што ги имате положено и од тоа колку програмата по која дотогаш сте студирале се совпаѓа со нашата, се определува кои предмети се признаваат и во која година од студиите ќе бидете запишани.

При трансферот веројатно ќе има испити од нашата програма кои ќе треба да ги дополагате (диференцијални испити). Истите испити ќе можете да ги полагате во некоја од нашите четири сесии (две редовни и две вонредни), во однапред определената учебна година. За полагање испити од претходните студиски години се доплаќа по 3000 денари (еднократно). Доколку не положите од првпат, не плаќате повторно, туку го задржувате правото да го полагате испитот уште двапати. Студентот има обврска да ги положи предвидените предмети пред почетокот на следната учебна година, односно заклучно со први октомври во наредната учебна година.


Колку ЕКТС се потребни за трансфер?


Доколку има компатибилни предмети од најмалку 31 европски кредити во една студиска програма на МСУ студентот може да направи трансфер во втора година на втор циклус студии.


Школарина


За сите студенти школарината е еднаква, па така за студентите кои се префрлаат од други универзитети важат истите правила.

Нудиме можности за плаќање на рати и попусти за плаќање на школарината пред почетокот на академската година. Истите поволности кои важат за другите студенти, важат и за студентите кои прават трансфер. За можните попусти и бенефиции, проверете го менито за школарина.


Потребни документи за трансфер


При пријавувањето за трансфер на прв циклус на студии, кандидатите ги поднесуваат следните документи:

  • Уверение за положени испити;
  • Диплома за завршен прв циклус на студии;
  • фотокопија од лична карта;
  • фотокопија од Државјанство;
  • извод од матична книга на родените и
  • 4 мали фотографии во боја.

Документите за пријавување се поднесуваат во просториите на Меѓународниот Славјански Универзитет во Свети Николе на ул. „Маршал Тито“ бр. 77 или во Битола на ул. „Новачки пат“ бр. 16.


Имате прашања?


За дополнителни прашања слободно посетете ја страницата за Често поставувани прашања или обратете ни се преку подолу дадената форма. Ветуваме дека ќе Ви одговориме најбрзо што можеме!


CAPTCHA image