Последипломски студии

Доколку сте при крајот на Вашите додипломски студии, но се уште имате амбиции да ги проширувате Вашите знаења и видици, тогаш последипломските студии можат да ја задоволат Вашата интелектуална љубопитност.

Последипломските студии Ви дават шанса вистински да се усовршите во определена област и да ги продлабочите своите знаења. Ако сакате да учите, тогаш тоа е доволно добра мотивација да се стекнете со повисока академска титула.

Унапредување на Вашата кариера

Последипломските студии можат да ги продлабочат Вашите знаења и да ги развијат Вашите вештини за определена област. Работодавачите го ценат тоа искуство и често им даваат подобри работни позиции на лицата кои имаат завршено последипломски студии. Всушност, последипломските студии често можат да бидат и единствениот начин за да се дојде до посакуваното работно место.

Во приватниот сектор последипломските студии се исклучително ценети. Често можете да започнете со повисока плата и може да напредувате побрзо во некои полиња.

Разговарајте со нашите вработени од Центарот за кариера и разгледајте ги сите опции како последипломските студии можат да ја унапредат Вашата кариера.

Три факултети и 10 наставни програми

 Факултет за економија и организација на претприемништвото (едногодишни студии)
  • Менаџмент на човечки ресурси во мали и средни претпријатија (4+1)
  • Маркетинг менаџмент (4+1)

Факултет за психологија (едногодишни студии)

  • Психологија во социјалната заштита (4+1)
  • Клиничка и советодавна психологија (4+1)

Факултет за психологија (двегодишни студии)

  • Психологија во социјалната заштита (3+2)
  • Клиничка и советодавна психологија (3+2)

Факултет за безбедносно инженерство

  • Безбедност при работа (3+2)
  • Безбедност од пожар (3+2)

Факултет за безбедносно инженерство

  • Безбедност при работа (3+2)
  • Безбедност од пожар (3+2)