Попусти и стипендии


Нашата посветеност кон општествената одговорност се рефлектира преку обезбедувањето на различни модели на финансиска поддршка за нашите студенти, најчесто преку попусти и сипендии. Со цел да го олесниме пристапот до високо образование, нудиме попусти и стипендии кои се на располагање на сите идни студенти.

Разбираме дека инвестицијата во образованието е значајна одлука за секој студент и неговото семејство. Затоа, ние постојано обезбедуваме нови модели на финансиска поддршка која е дизајнирана да биде што е можно подостапна, со цел да им помогнеме на студентите да ги намалат трошоците за нивното образование. Со ова, сакаме да бидеме сигурни дека финансиските бариери не се пречка за студентите кои сакаат да ги остварат своите академски и професионални амбиции.

Покрај генералните попусти и стипендии, ние активно работиме на проширување на нашите програми за стипендиирање преку партнерства со различни компании и организации. Ова значи дека во иднина ќе имаме дополнителни повици за стипендии, согласно договорите што ги потпишуваме со нашите партнери.

За да добиете стипендија/попуст од наведените во листата потребно е при уписот да напоменете за која стипендија или попуст се квалификувате и да приложите соодветна потврда/доказ. Нема потреба да пополнувате апликација пред уписот. На денот на уписот ќе можете да поднесете барање, кое се одобрува веднаш доколку ги исполнувате условите за да ја користите стипендијата/попустот. Некои од попустите можат да се комбинираат, но максималниот попуст не може да изнесува повеќе 30% од школарината.

Во прилог е листа на основните попусти и стипендии кои ги нудиме.

Стипендија/Попуст

Процент на попуст од школарината

Стипендија за спортисти

Важи за сите идни студенти кои се активни спортисти во македонски спортски клубови, членки на Национални спортски федерации, признаени од страна на Агенцијата за млади и спорт на Република Северна Македонија.

-20% од школарината

КОРПОРАТИВНИ ПАКЕТИ (-20%)

Важи за сите идни студенти кои се во работен однос и/или имаат член на семејството кој е вработен во листата на наведени институции и/или членуваат во синдикална организација.

Македонски полициски синдикат -20% од школарината
Меѓународна полициска асоцијација -20% од школарината
Независен синдикат на одбраната -20% од школарината
Синдикат на работниците од шумарството, дрвната индустрија и енергетика на РСМ -20% од школарината
Кромберг & Шуберт Македонија -20% од школарината
АД Витаминка Прилеп -20% од школарината

ПОПУСТ ЗА БРАНИТЕЛИ (-20%)

Бранители

лица кои поседуваат потврда за бранител издадена од Министерствто за одбрана на РСМ или се деца на починат бранител

-20% од школарината

ДРУГИ ПОПУСТИ И ПОВОЛНОСТИ

Уплата на вкупната школарина при упис -10% од школарината
Двајца членови на исто семејство,
попуст за секој студент одделно
-20% од школарината
Тројца или повеќе членови на исто семејство,
попуст за секој студент одделно
-25% од школарината
Студенти на МСУ кои продолжуваат втор циклус на студии -10% од школарината