Додипломски студии

Чекор понапред од другите

Стекнувањето со факултетска диплома е многу важен чекор кон стекнување на фундаментални знаења од областа во која сакате да работите. Изборот на универзитетот игра значајна улога во Вашиот професионален развој, но уште поважни се програмите по кои ќе работите и искуството со кое ќе се стекнете.

Вашите студии потврдуваат дека Вие се стекнувате со знаење, вештини и искуство и ќе Ви бидат гаранција за успешна кариера.

Пет факултети и осум наставни програми

Нашиот универзитет нуди пет факултети со вкупно осум наставни програми за додипломски студии.

 Факултет за економија и организација на претприемништвото
  • Менаџмент на организација (4+1)
  • Финансии и кредит (4+1)

Факултет за психологија

  • Општа психологија (4+1)

Факултет за информатика

  • Софтверски технологии (3+2)
  • Компјутерски системи и мрежи (3+2)

Факултет за безбедносно инженерство

  • Безбедност при работа (3+2)
  • Безбедност од пожар (3+2)

Факултет за правни науки

  • Правни студии (3+1)