Аплицирање

Чекор 1: Истражете

  • Разгледајте ја нашата веб страница и одберете го факултетот кој Ви се допаѓа.
  • Разговарајте со Вашите родители/професори околу Вашиот избор.
  • Дали професијата која ја одбирате е онаа која сакате да ја работите?
  • Посетете нè, разговарајте со нашите вработени, бидете сигурни дека сте чекор поблизу до живеењето на Вашата визија!

Чекор 2: Сторете нешто

Доколку насоката која ја одбравте Ве води кон професијата од Вашите соништа, тогаш сторете нешто во врска со тоа! Откако ги собравте сите потребни информации, време е за:

  • Подготовка на потребните документи
  • Проверка на роковите и датумите за упис
  • Одлука за начин на финансирање на студиите

Чекор 3: Запишете се

Сега, кога веќе сè Ви е подготвено, можете да дојдете во нашите кампуси и да извршите упис.

Слободно можете да дојдете заедно со Вашите родители или пријатели, да поразговарате со нашите вработени од Центарот за кариера за да бидете сигурни дека сте на вистинскиот пат.

Чекор 4: Дружете се!

На почетокот на секоја академска година традиционално се одржува свечено доделување на индекси во Свети Николе и Битола.

Тоа е одлична прилика да ги запознаете Вашите нови колеги, па затоа следете го нашиот Facebook профил, за да го дознаете точниот датум на настанот. Настанот е отворен за сите, па така и вашите родители и пријатели се добредојдени.

Имате прашања?