Уписи

Ние сме отворени за студенти од цела Македонија и надвор од неа. Кај нас студираат и студенти од Србија, Бугарија, Русија, Хрватска… Студирањето на Славјански може да биде прекрасно искуство за Вас – да научите нови работи и да се поврзете со луѓе од многу земји.

Откријте го Славјански

Студирањето е поврзано со нови откритија, непознати прашања и разни идеи. Студентските години се идеални за истражувања, иновации и креативност. Откријте што се е возможно доколку се обидете да ги остварите Вашите соништа!

На Славјански, ние ги разбираме Вашите амбиции за истражување и ги поддржуваме. Ќе работиме заедно за да ги трансформираме амбициите во резултати кои ќе ги сменат животите на многу луѓе.

Откријте ги Вашите заеднички работи со Славјански, прифатете ја шансата која Ви е дадена.

Неограничени можности

Времето кога „само небото беше граница“ одамна помина. Веќе знаеме дека можеме да одиме многу подалеку од небото, да истражуваме подалеку и да правиме откритија што менуваат животи. Од ден во ден станува се појасно дека можностите се неограничени – се што треба е да се обидеме да ги искористиме.

Вие како студент ќе бидете дел од едно интелектуално општество кое ќе Ве подготви да ги користите Вашите идеи за правење промени каде и да одите, што и да правите.

Запознајте ги Вашите колеги

Славјански е едно од местата каде учењето не мора да биде монотоно.

Преку студентскиот сојуз може да се запознаете со Вашите колеги. Можете да ги споделувате Вашите идеи, да соработувате на проекти, да посетувате практична настава или едноставно да се дружите.

Остварените контакти со повеќе луѓе ќе бидат значајни за Вашата идна кариера со тоа што подобро ќе ги развиете Вашите комуникациски и социјални вештини.