Студентите се должни при почетокот на новата академска година да извршат упис на семестар.

Уписот на зимскиот (непарен) семестар започнува од 1-ви септември и трае до 30-ти септември секоја година. При уписот на семестарот студентите треба со себе да го носат индексот и уплатниците од уплатената школарина.

Заверката за зимскиот семестар се врши во јануари, повторно со индекс и со уплатница. Доколку студентот не го завери семестарот во предвидениот рок нема да може да пријавува и полага испити или ќе треба да плати казна.

Казната за ненавремено заверување на семестарот изнесува 500 денари и дополнителни 100 денари за положен испит.

Уписот и навремената заверка на семестарот се бесплатни, односно тие се вклучени во целокупниот износ на школарината (во уплатата по ЕКТС кредити). Роковите за упис и заверка на семестар се објавуваат на Е-учење, Е-индекс и Академскиот календар.

Најдоцна до 15-ти февруари се врши упис на летниот семестар, а во јуни се заверува истиот.