Студентски статус – редовни и вонредни

Студентите на Славјански може да се запишат како редовни или вонредни.

Упис како редовни студенти

Редовните студенти се обврзани да посетуваат настава, додека вонредните имаат обврска да доаѓаат само на испитите. Редовните студенти можат да отсуствуваат од предавања, но отсуствата им го намалуваат бројот на поени од редовноста. Од редовност студентот може да има максимум 10 поени, а со отсуствата тој број се намалува.

Упис како вонредни студенти

Како вонредни студенти се запишуваат претежно лицата кои се вработени и немаат време да ги посетуваат сите предавања, но вонредните студенти можат да ги посетуваат предавањата доколку сакаат. За упис како вонреден студент лицето е должно да достави потврда дека е вработено или медицинска белешка со која се потврдува дека не може да посетува настава.

Редовните студенти и вонредните студенти студираат како студенти со еднакво финансирање на студиите, односно партиципацијата останува иста.

Менување на статусот

Доколку редовниот студент сака да го промени статусот во вонреден студент, тоа може да го направи со доставување потврда дека е вработен или медицинска белешка со која се потврдува дека не може да посетува настава. Промената на статусот се врши при запишувањето на нареден семестар при што студентот треба да достави Барање во Службата за студентски прашања.

Доколку вонредниот студент сака да го промени статусот во редовен студент, тоа може да го направи со доставување Барање во Службата за студентски прашања.. Промената на статусот се врши при запишувањето на нареден семестар.