Колоквиуми

За полагање на колоквиуми студентот треба да биде запишан како редовен. Вонредните студенти не се обврзани да посетуваат настава и немаат право да полагаат на колоквиуми – тие полагаат само испити по сите предмети. Колоквиумите се тестови на знаење кои се спроведуваат два пати во текот на еден семестар:

прв колоквиум – на средината од семестарот, односно после изминати 6 седмици предавања
втор колоквиум – на крајот од семестарот, односно после изминати 6 нови седмици предавања

За да се полага вториот колоквиум задолжително е да биде положен првиот. Студентите кои не положиле еден, односно два од колоквиумите полагаат испит во испитните сесии.

Со полагање на двата колоквиуми студентите не се обврзани да полагаат писмен испит.

Термините за колоквиумите се објавуваат во Е-индекс.