Испити

Во текот на една академска година има 4 испитни сесии од кои две се редовни, а две вонредни.

Првата редовна испитна сесија е во јануари и се полагаат испитите по предметите слушани во првиот семестар. Доколку студентот не ги положи сите испити во јануари, истите може да се полагаат во Априлската (вонредна) сесија. За полагање во вонредна сесија не се плаќаат казни.

Втората редовна испитна сесија се одржува во јуни и се полагаат испитите од вториот семестар. Доколку студентот не ги положи испитите во јуни, може да ги полага во Септемвриската (вонредна) сесија – исто така без плаќање на казни. Во овие сесии можат да се полагаат и испити од првиот семестар.

Пред сесијата, без разлика дали студентот претходно ги има положено двата колоквиуми, испитите треба да се пријават електронски (Е-индекс). Резултатите од испитите ќе пристигнат на корисничката сметка на студентот веднаш штом професорот ги објави.