Се одржа финалето од Ораторски денови 2017

Студенти од Тамбов на посета во Билазора и Народен Музеј Свети Николе
3 мај 2017
Славјански на LEAP Summit во Загреб
11 мај 2017

Денес на Меѓународниот Славјански Универзитет Г.Р.Державин во организација на Факултетот за правни науки се одржа финалето на Ораторскиот ден. Учество зедоа студенти од Факултетот за правни науки од одд. Свети Николе и одд. Битола., кои интерпретираа текстови – говори од поширока тематика.  На годинешниот Ораторски ден публиката имаше можност да избере свој фаворит покрај изборот од стручното жири. Награда за Оратор на публиката му припадна на Илија Трајков студент во 1-ва година на Факултетот за правни науки со говорот на Ферман Кленчерли или Гвинплен од романот на Виктор Иго „Човекот кој се смее”.  Наградата од стручното жири ја доби Ивана Смилеска – студент во 1-ва година со говорот „Прв говор против Филипа” од Демостен.  И двајцата добитници поради нивното професионалното претставување ја делат големата награда за Оратор на годината на МСУ„„Г.Р.Державин” .

Оваа година студентите беа подготвувани од тим на професори под менторство на доц. д-р Гергана Дјанкова од Универзитетот „Неофит Рилски” – Благоевград, Р. Бугарија, доц.  д-р Иван Ефремовски – Продекан за настава и предметен наставник по Правна реторика и Проф. д-р Александар Илиевски – декан на Факултетот за правни науки Свети Николе – Битола.

Во ревијалниот дел настап имаа и минатогодишните победници на Ораторскиот ден: Ана Пантовски – Ѓорѓиева и Христијан Цветаноски.