Концерт на руски вокален ансамбл од Електростаљ, Русија

Претставата „Каминот“ прикажана на Славјански во Св. Николе
5 април 2017
На Славјански премиерно беше прикажана претставата „Европејци“
7 април 2017

Денес на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во Св. Николе се одржа концерт на вокалниот ансамбл од градот Електростаљ, Московска област, Руска Федерација. Концертот се одржа по повод 12-ти април, Меѓународниот ден на полетување на човекот во вселената.

Две солистки на врвен вокален ансамбл од Електростаљ, добитници на први награди на многубројни руски вокални натпревари се претставија со популарни руски патриотски песни и руски хитови за вселената.

На свеченоста беа присутни Н.Е. Олег Шчербак, Амбасадорот на Руската Федерација во Р. Македонија и делегација од Електростаљ, предводена од заменик градоначалникот на Електростаљ, Дмитриј Гусев.

Концертот заврши со изведба на руската и македонската химна.