Конкурс за награда „Державин“ – 2017

Едукативно – стручен собир за ветеринари во Св. Николе
16 јуни 2017
Нашиот професор Марјан Николов е назначен за амбасадор на Regional Studies Association (RSA) за Македонија
5 јули 2017

И годинава заедно со Друштвото на писателите на Македонија го распишуваме конкурсот за наградата „Державин“ за поетска книга која со своите содржински специфики и естетски вредности успешно се вградува во новите развојни процеси на македонската литература.

Наградата, што го носи името на Гаврило Романович Державин, е востановена минатата година со парична донација од Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“, по повод 70-годишнината од формирањето на ДПМ. Прв добитник на ова признание беше поетот Јован Стрезовски.

Наградата „Державин“ се доделува секоја година за нови поетски остварувања на членовите на македонската писателска асоцијација објавени во последните 12 месеци, заклучно со август. Издавачите или авторите што ќе конкурираат за наградата, книгите треба да ги достават до ДПМ, во по четири примероци, најдоцна до 5 септември.

Одлуката за наградата ќе ја донесе тричлено жири составено од истакнати критичари, есеисти и поети. Свеченото предавање на признанието ќе се одржи во почетокот на октомври на МСУ. На свеченоста ќе гостува поетскиот караван на ДПМ со учество на 20 поети од различни генерации.