Последипломски студии

Студиските програми на Факултетот за правни науки ги следат светските трендови на современата наука и пракса во најразвиените земји и нудат интердисциплинарен пристап преку организација на студиите на три нивоа (3+1+1), односно два циклуси на студии кои опфаќаат квалитетни додипломски и последипломски правни студии.

Студиските програми за последипломски правни студии од втор циклус (последипломски магистарски студии) се наменети за студентите кои имаат намера да го продолжат своето правничко образование и да се занимаваат со специјализирана правна струка. Студентот може да го продолжи своето образование на една од петте специјализирани насоки распоредени петтата година од студиите, односно да освои 60 ЕКТС кредити и да се стекне со соодветен стручен назив „магистер по право“ во конкретната област/ програма.



На Факултетот за правни науки во моментов се достапни 5 насоки на последипломски студии.

  • Административно право и јавна администрација;
  • Граѓанско право;
  • Казнено право;
  • Меѓународно право, Право на ЕУ и дипломатија и
  • Финансии и деловно право

Во секоја од наставните програми од понудените седум изборни предмети во деветти семестар, се избираат само пет предмети кои студентот ги полага.

Покрај успешно полагање на предвидените предметни програми, за стекнување на потребниот број кредити предвидени на последипломските стручни студии, студентот има обврска да подготви магистерски труд и истиот успешно да го одбрани, како предуслов за завршување на соодветните студии од втор циклус и стекнување со соодветно звање магистер по право.


Насока Административно право и јавна администрација (3+1+1)

Современите трендови на пазарот на трудот наметнуваат потреба од кадар со потесна област на специјализација и владеење на конкретна проблематика. Поаѓајќи од определбите на Република Македонија за членство во Европската Унија и НАТО, и реформските процеси кои се спроведуваат во таа студиска програма, сведоци сме на постојана флуктуација на проблемите од областа на јавната администрација и државната администрација. Како дел од тие реформски процеси е и процесот на децентрализација. Реформата на јавниот сектор наметнува потреба од ангажирање стручни и професионални кадри, специјалисти и добри познавачи од областа на управното право и јавната управа.



Наставна програма

Административно право и јавна администрација
Факултет за правни науки
Насока Административно право и јавна администрација (3+1+1)
Магистер по право
9 СЕМЕСТАР
  ПРЕДМЕТ ЗАД./ИЗБ. ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
1 Локална самоуправа Изборен 6 152
2 Управување во јавни служби Изборен 6 152
3 Етика и одговорност во јавната администрација Изборен 6 152
4 Административни процедури Изборен 6 152
5 Теорија на организација Изборен 6 152
6 Организациска култура, комуникации и односи со јавноста во јавната администрација Изборен 6 152
7 Право на невладини организации Изборен 6 152
10 СЕМЕСТАР
  ПРЕДМЕТ ЗАД./ИЗБ. ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
Изработка на магистерски труд Задолжителен

 

Следејќи ги глобалните трендови за профилирање стручни кадри од областа на јавната администрација и државната администрација, Факутетот за правни науки при МСУ како неминовна и неопходна ја оцени потребата од воведување на специјализирана студиска програма која на студентот ќе му понуди можност да се стекне со проширено стручно знаење и вештини  од оваа област, како и истото тоа да го примени во пракса.



Насока Граѓанско право (3+1+1)

Поаѓајќи од основните постулати на современата правна наука и трендот за изучување на системот на граѓанското право и граѓанско правните институти на најреномираните правни факултети во светот, Факутетот за правни науки при МСУ воведе специјализирана студиска програма од оваа комплексна и динамична област, која на студентот ќе му понуди можност да се стекне со проширено стручно знаење и вештини, како и истото тоа да го примени во пракса.



Наставна програма

Граѓанско право (3+1+1)

Факултет за правни науки
Насока Граѓанско право (3+1+1)
Магистер по право
9 СЕМЕСТАР
  ПРЕДМЕТ ЗАД./ИЗБ. ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
1 Оштетно право Изборен 6 152
2 Алтернативно решавање на спорови Изборен 6 152
3 Споредбено граѓанско право Изборен 6 152
4 Филозофија на правото Изборен 6 152
5 Граѓанско процесно право на ЕУ Изборен 6 152
6 Компаративно граѓанско право Изборен 6 152
7 Арбитражно право Изборен 6 152
10 СЕМЕСТАР
  ПРЕДМЕТ ЗАД./ИЗБ. ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
Изработка на магистерски труд Задолжителен


Оваа студиска програма на студентот му нуди можност да го прошири своето знаење во однос на позитивноправните норми од областа на граѓанското право во правниот систем на Република Македонија, како и да го прошири своето знаење во повеќе правни дисциплини од областа на граѓанското право во споредбеното право. Се очекува студентот во рамки на овој циклус на студии да се профилира во стручен кадар кој поседува проширено знаење и вештини не само за теоретска, туку и за практична примена на позитивноправните норми од областа на граѓанското право во правниот систем на Република Македонија, со што ќе даде свој придонес кон развојот на судскиот систем, адвокатурата, нотаријатот, извршувањето, јавната и државната администрација, невладиниот сектор, правните служби на странски и домашни приватни компании и слично.



Насока Казнено право (3+1+1)

Современите трендови на најголемиот број правни факултети во светот за изучување на казненото право, се во директна корелација со статистичките податоци кои одат во прилог дека процентот на криминогени однесувања бележи значителен пораст на глобално ниво. Од тие причини, Факутетот за правни науки при МСУ воведе специјализирана студиска програма за изучување на оваа фундаментална и комплексна дисциплина која ги опфаќа аспектите на казненото материјално, процесно и извршно право.

Наставна програма

Казнено право (3+1+1)

Факултет за правни науки
Насока Казнено право (3+1+1)
Магистер по право
9 СЕМЕСТАР
  ПРЕДМЕТ ЗАД./ИЗБ. ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
1 Казнена правна заштита на правата од интелектуална сопственост Изборен 6 152
2 Криминалистика Изборен 6 152
3 Споредбено казнено право Изборен 6 152
4 Малолетничко казнено право Изборен 6 152
5 Меѓународно казнено право Изборен 6 152
6 Медицинско казнено право Изборен 6 152
7 Правда и внатрешни работи на ЕУ Изборен 6 152
10 СЕМЕСТАР
  ПРЕДМЕТ ЗАД./ИЗБ. ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
Изработка на магистерски труд Задолжителен


Предмет на изучување во рамки на оваа студиска програма е и криминологијата и пенологијата како предметни содржини во рамки на кои студентот ќе стекне продлабочени знаења за начините за сузбивање и превенција на криминалитетот.  Студентите кои ќе се определат за оваа студиска програма, се очекува да стекнат не само проширено теоретско познавање на казненото право, туку и и вештини за негова практична примена пред правосудните органи, јавното обвинителство и други институции кои имаат истражни овластувања.



Насока Меѓународно јавно право, право на ЕУ и дипломатија (3+1+1)

Современата глобална политика, меѓузависноста и растечките предизвици за државите во меѓународната политика, безбедност и економија, зголемените транснационални канали на комуникација, светската трговија и капитални текови се карактеристики на современите држави во светот. Имајќи ги предвид наведените карактеристики, државите но и другите форми на меѓународни организации, владини и невладини, секојдневно се соочуваат со проблеми чие решавање е единствено возможно преку заеднички, глобални напори и меѓународна соработка и дипломатија.



Наставна програма

Меѓународно јавно право, право на ЕУ и дипломатија (3+1+1)

Факултет за правни науки
Насока Меѓународно јавно право, право на ЕУ и дипломатија (3+1+1)
Магистер по право
9 СЕМЕСТАР
  ПРЕДМЕТ ЗАД./ИЗБ. ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
1 Заедничка надворешна и безбедносна политика Изборен 6 152
2 Меѓународни политички односи Изборен 6 152
3 Европско право на интелектуалната сопственост Изборен 6 152
4 Меѓународно договорно право Изборен 6 152
5 Меѓународно воено и хуманитарно право Изборен 6 152
6 Мирно решавање на спорови Изборен 6 152
7 Право на ЕУ за заштита на животната средина Изборен 6 152
10 СЕМЕСТАР
  ПРЕДМЕТ ЗАД./ИЗБ. ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
Изработка на магистерски труд Задолжителен


Оваа студиска програма на студентите им нуди можност да се стекнат со проширено знаење од областа на меѓународното право, право на ЕУ и дипломатијата. Програмата е дизајнирана согласно најновите трендови и меѓународни искуства, а со цел да им одговори на тековните и идни потреби за создавање стручен и профилиран кадар кој ќе се занимава различни аспекти од оваа проблематика.



Насока Финансии и деловно право (3+1+1)

Следејќи ги современите економски текови и деловните односи како на локално, така и на глобално ниво, Факултетот за правни студии при МСУ на студентите им овозможува да го прошират своето знаење на правните и економски аспекти на правната регулатива со која поблиску се уредени прашањата од областа на деловното право и финансиите.



Наставна програма

Финансии и деловно право (3+1+1)

Факултет за правни науки
Насока Финансии и деловно право (3+1+1)
Магистер по право
9 СЕМЕСТАР
  ПРЕДМЕТ ЗАД./ИЗБ. ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
1 Царинско право Изборен 6 152
2 Право на интелектуална сопственост Изборен 6 152
3 Банкарско право Изборен 6 152
4 Буџетско право Изборен 6 152
5 Деловни финансии Изборен 6 152
6 Право на хартии од вредност Изборен 6 152
7 Финансирање на локална самоуправа Изборен 6 152
10 СЕМЕСТАР
  ПРЕДМЕТ ЗАД./ИЗБ. ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
Изработка на магистерски труд Задолжителен

 

Оваа студиска програма, на студентите им нуди да стекнат потребната теоретска основа и практичните познавања способности и вештини од областа на трговско право, пазарот на хартии од вредност, работните односи со сите свои правни, социјални и економски димензии, како и знаења од областа на корпоративниот маркетинг и деловните финансии што ќе придонесе за нивно подобро профилирање како стручни кадри во областа на бизнис опкружувањето. Студентите кои ќе се определат за оваа студиска програма, ќе имаат можност да се запознаат и со деловното опкружување на споредбеноправните системи на земјите на ЕУ , како и начинот на функционирање на заедничкиот европски пазар.


Факултет за правни науки | 2017

Уписите на додипломските и последипломските студии на Факултетот за правни науки се веќе започнати! ⏰Наставните програми им нудат на идните студенти можност да се стекнат со потребната теоретска основа и практични познавања, способности и вештини од областа на правото.И Вие сакате да студирате право? ? Прочитајте повеќе на: http://msu.edu.mk/fakulteti/fpn/dodiplomski/ ?Официјален руски партнерски универзитет. ?? ??

Posted by Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ on Monday, June 26, 2017