Зошто да студирате психологија

Шанса да се разберете себеси

Без разлика што или каде ќе работите во иднина, знаењата од областа на психологијата ќе ви бидат многу корисни во животот, бидејќи, меѓу другото, тие ви помагаат да се разберете самите себеси.

Како што ќе откривате нови информации за развојот на личноста, формирањето на карактерот и како општеството и културата влијаат врз однесувањето, така ќе добивате и поголемо разбирање за нивното влијание врз Вашиот сопствен живот.

Ќе можете да влијаете на подобрување на сопствените вештини за учење и совладување на даден материјал. Би знаеле како да се изборите со притисокот на работното место.

Шанса да го разберете светот

Со изучувањето на разните аспекти на човечкото однесување, Вие  ќе можете да го процените однесувањето на различни типови луѓе во дадена ситуација, ќе знаете како да ја подобрите вашата интеракција со нив,

Професија на иднината

Современиот начин на живот, се поголемиот стрес во кој сите живееме, секојдневните проблеми со кои се соочуваме, а и се почестата појава на менталните заболувања, се показатели дека психологијата е една од професиите на иднината и дека потребата од добро обучени и квалитетни психолози и психотерапевти ќе станува се поголема.

Психологијата ќе ви помогне да бидете успешни и во друга професија

Знаеме дека има премногу примамливи и возбудливи кариери во психологијата кон кои можеби се стремите, но проучувањето на човечката психологија може да Ви биде од голема помош и во други професии. На пример, доколку сакате да бидете успешен менаџер, сфаќањето на човечкото однесување може да ги подобри Вашите односи со другите вработени и да Ви помогне подобро да ги организирате.

Помагањето е главна карактеристика на професијата

Помагањето го прави светот подобро место за живеење. Може да го смени животот некому, а причинува задоволство и на оној кој помага. Има ли нешто што исполнува повеќе од помагањето на другите?

Каде би работеле?

Општо земено, нивото на невработеност кај психолозите е ниско, затоа што огромен број институции имаат потреба од психолози, како што се клиниките, правните и образовните институции, истражувачките центри, маркетинг секторот, центри за ментално здравје, разни организации…