Науки во подем


Техничките науки и информатиката се во првите редови на иновациите. Изучувањето на овие дисциплини ви обезбедува знаења и вештини со кои можете да придонесете за откритија во технологијата, обликувајќи ја иднината на различни индустрии.

Информатиката како наука, особено во последниве години, е во подем. Како што технологијата се развива, има сè поголема потреба од инженери во областа на информатиката, што е олеснителна околност за студентите кои ќе се определат да ја изучуваат оваа област.

Факултетот за технички науки и информатика Ви ја нуди единствената можност да бидете во срцето на интелектуалната револуција, бидејќи ќе направи да изнаоѓате нови начини на размислување и поврзување на работите.



Практична настава


На конкурентен пазар на труд, експертизата во техничките и компјутерските науки дава посебна предност. Работодавците ги ценат способностите за решавање проблеми и техничкото знаење што доаѓаат со ова образование.

За да бидете добри во она што го работите, потребно ви е постојано вежбање и пракса. Нашиот факултет го нуди токму тоа! Квалитетот на практичната настава што го нудиме ќе овозможи да бидете конкурентни на пазарот и ќе ви отвори вратите за вработување секаде во светот. Затоа што практичното знаење е најважно!


Што по дипломирањето?


Техничките и компјутерските науки имаат примена во сите сектори, вклучувајќи здравство, финансии, телекомуникациски компании и многу повеќе. Ова им овозможува на дипломираните студенти да работат во области кои се во согласност со нивните интереси.

Студентите можат да работат во компании и организации од секаков тип, поради универзалноста на нивните знаења и можноста да се употребат секаде.


CAPTCHA image