декан, проф. д-р Метка Текавчиќ

Добродојдовте на Факултетот за економија при Универзитетот од Љубљана (ФЕЛУ),

Интернационализацијата ги проширува интелектуалните и културни хоризонти на една личност, на едно друштво и уште понатаму на едно општество. ФЕЛУ е и двете, и тоа национален лидер и меѓународно призната образовна и истражувачка институција  од областа на бизнисот и економијата – AACSB, EQUIS, TEDQUAL и CENTQUIN акредитирани школи.

Меѓународна Бизнис Академија е програма која е дизајнирана со цел да ги спои потребите за работа на професионалците. Програмата предвидува солидна, добро создадена основа во областа на економијата и бизнис администрацијата и воедно ги подготвува учесниците за ефикасен и социјално-одговорен менаџмент, проактивно размислување  и креирање на додадена вредност. Создадена на стратегија за совршенство, програмата има за цел да ги привлече учесниците со највисоко ниво на бизнис и претприемничка амбиција. За време на програмата, Вие ќе се развивате како личност и ќе научите како да креирате пораст во било која организација.

Програмите ќе ви бидат распределени преку вашите истакнати професори со големо меѓународно искуство во предавање и истражување. Верувам дека за време на програмата ќе ги зголемите вашите знаења и вештини за уште подобро да се справите со предизвиците во глобалната, динамична деловна средина во која живееме и работиме. По успешното завршување на програмата, ќе имате можност да се здобиете со Мастер од нашата институција после пишувањето на магистерската теза, во која ве охрабрувам да го соберете целото ваше знаење од програмата и вашите лични искуства.

Сепак, се надевам дека вашето искуство ќе се исполни и дека ќе отвори нови хоризонти и нови можности за вашиот бизнис и личен живот.


https://www.facebook.com/slavjanskiuniverzitet/videos/2057805324230203/